период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 17.02.2017, 14:41

Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати

Дури 76 проценти од македонските домаќинства се греат на дрва и загреваат најмногу 16 до 20 квадратни метри од станбениот простор, покажува статистиката.

Според експертите, тој тип енергетска сиромаштија е најзастапен во земјава. Тие порачуваат дека земјата треба да дефинира што е праг на енергетска сиромаштија кај нас и да преземе мерки за нејзино намалување. Во светски рамки под енергетска сиромаштија се подразбира потрошувачка на електрична енергија под два американски долара дневно од член на семејството, а најпогодени од неа се жените бидејќи мора рачно да мијат садови и да перат алишта за да заштедат енергија.

- Ваучерите што се даваат за енергетската сиромаштија помагаат само моментно, но доколку се преземат мерки за подобрување на енергетската ефикасност на становите или со купување домашни апарати со висока категорија енергетска ефикасност нема да има потреба од ваучери. Затоа треба да ги усогласиме мерките во секторот на енергетската ефикасност како да им се помогне на граѓаните, особено на жените - вели професорот Kонстантин Димитров од МАЦЕФ која го спроведуваше проект „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“

#



Останати вести
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести