период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 15.02.2017, 16:13

ЗАШТЕДА НА СТРУЈА И ПАРИ

Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење

Парно греење до 22 часот навечер, топла вода во болјерите, млако подно греење и други нови услуги се само дел од можностите што произлегуваат од измените во мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, кои веќе ги донесе Регулаторната комисија за енергетика. Со нив се прецизирани правилата кога „Балкан енерџи“ (БЕГ) може да ги гаси котлите за греење и во сезона и пред сезона. Услугите за подно греење и санитарна топла вода, пак, ќе може веднаш да почнат да се користат, но првично за инвеститорите на новите згради во главниот град или кај тие шпто се во градба, додека другите со мали инвестиции во внатрешната инсталацијата на објектите. Трошокот за приспособување на инсталацијата ќе треба да биде на самите потрошувачи во старите станбени згради, но се работи за еднократен трошок, кој ќе се врати многу брзо преку заштеди на енергијата. Сметките за парно греење за граѓаните нема да бидат повисоки, бидејќи е минимална ангажираната топлинска енергија за овие новини.

Нема да се зголемат сметките за парно

- Со новите мрежни правила е овозможена правна рамка за промовирање на подното греење и на санитарната топла вода преку субвенционирањето во делот на надоместокот за приклучување, кој инвеститорите на новите објекти го плаќаат за создавање технички услови во дистрибутивниот систем само за делот инсталирана моќност (комуналии за приклучување кон топлификациониот систем). Со тоа висината на овие комуналии се намалува за инвеститорите, а новите објекти уште во старт на градбата ќе имаат услови за користење санитарна топла вода и подно греење, што ќе биде уште една значајна придобивка на системот за централно греење во Скопје. Тоа е важно и од економски и од еколошки аспект. Со ваквото комбинирано решение интегрирано се користат еколошко гориво и сончевата енергија за загревање на санитарна вода, со што може масовно да се користи соларната енергија во урбани средини – велат од Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“.

Од компанијата потенцираат дека новите системи нема да ги зголемат сметките на граѓаните, туку, напротив, ќе имаат заштеда во тие за електричната енергија.

- Во новите објекти што се градат овие системи ќе бидат имплементирани уште во текот на самата градба и нема да претставуваат никаков дополнителен трошок за потрошувачите. Овие опции не само што нема да генерираат дополнителен трошок за енергија, напротив, овозможуваат и заштеда на пари. Kај подното греење можни се заштеди до 15 отсто на топлинската енергија споредено со радијаторскиот систем за греење. Со санитарната топла вода, пак, иако топлинската енергија што еден стан ја троши од системот за централно греење се зголемува за 15 отсто, фактички со тоа што електричната енергија се заменува со поевтин извор на енергија, ќе се остварува годишна заштеда од 50 евра (со комбинирани бојлери) до 120 евра (за комбиниран систем со сончеви колектори). Тоа значи дека потрошувачите во новите објекти ќе добијат нова додадена вредност и од аспект на комфор и од аспект на намалување на трошоците - објаснуваат од Дистрибуција на топлина на БЕГ.

Од компанијата потенцираат дека објектите може веднаш по инсталирањето на соодветната инсталација да користат подно греење и санитарна топла вода. А идејата била да се искористи дистрибутивната мрежа што е можно повеќе, бидејќи има значителен капацитет за прием на нови потрошувачи и за нови услуги.

Парното греење дефинитивно останува до 22 часот

- Во новите објекти (кои се во фаза на проектирање или градба), трошокот за инсталирање систем за подно греење или санитарна топла вода е на инвеститорот на објектот. Тие даваат нов квалитет на живеењето во станбените објекти, нудат заштеди и комфор, па објектите стануваат поконкурентни на пазарот на недвижности. На некој начин, инвестицијата за воведувањето на овие инсталации и услуги се апсорбира во цената на станот и не претставува особено изразен трошок за крајниот потрошувач. Kај постојните објекти трошокот за дополнителна инвестиција за приспособување на инсталацијата ќе треба да биде на самите потрошувачи ако истите се одлучат да ги имплементираат овие системи. Но и во овој случај се работи за еднократен трошок, кој ќе се врати многу брзо преку заштеди на енергија и намалени трошоци по тој основ - потенцираат од компанијата.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со измените во мрежните правила се подобруваат услугите што ги добиваат потрошувачите приклучени на системот за дистрибуција на топлинска енергија на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи.

- Измените се во однос на продолженото греење од 21 до 22 часот, кое беше воведено пред почетокот на грејната сезона 2015/2016 година, а сега точно се дефинира режимот на греење. Исто така се воведуваат нови услуги - користење санитарна топла вода, нискотемпературно подно греење, како и зголемена информираност на потрошувачите - велат од Регулаторна.

Александра Филиповска

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Anonymous, 15.02.2017 18:20:25
А кој работи до 22 часот ?!
Најнови вести