период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 14:10

ВО ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ЛАНИ

Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969

На целата територија на Република Македонија во вториот квартал од минатата година има 2.842 непродадени стана кои се нудат на пазарот на недвижности, а во тек на градба се 7.969 стана, покажува евиденцијата што се води во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар.

Според Регистарот, во споредба со првиот квартал од 2016 година може да се забележи раст на непродадените станови од 278 и раст од 2.862 стана кои се во градба. Во периодот април-јуни регистрирани се 3.954 продажби на недвижности со вкупна вредност од 133,3 милиони евра. Во истиот квартал од 2015 година се регистрирани 2.910 продажби со вкупна вредност од 88,1 милиони евра, при што оваа година бележиме зголемување на продажбите за 1.044 и зголемување на вредноста за 45,1 милиони евра.

- Можеме да заклучиме дека бројот на новоизградени станови и станови што се во тек на градба, односно понудата на станови на пазарот ја задоволува побарувачката на станови и во моментот имаме доволна резерва на новоизградени станови. Што се однесува до цените на пазарот на недвижности, тие се стабилни и со благ пад во некои општини во делот на закупите. Во наредниот период очекуваме да продолжи растот на понудата, односно зголемување на бројот на новоизградени станови и да дојде до благ пад на цените на недвижностите како резултат на намалената активност на пазарот на недвижности - изјави Славчо Трпески, директор на Агенцијата за катастар.

Анализата на податоците од Регистарот на цени на Kатастарот покажува дека цената на станбениот квадрат по општини е стабилна и во одреденото ниво на флуктуација од плус-минус 3.000 денари помеѓу разни квартали. Има и мал број општини каде што овие разлики се повисоки и каде што се утврдуваат некои надолни трендови на цените на становите, но и општини каде што имаме нагорни трендови на раст на цените. Така, цената на квадратен метар станбен простор во општина Центар во вториот квартал од 2015 година изнесува 62.643 денари, а во вториот квартал од 2016 изнесува 55.994 денари, што претставува пад на цените на станбениот простор во оваа општина за 6.649 денари. За разлика од општина Центар, во општина Аеродром има стабилна цена на становите, односно квадратен метар во вториот квартал од 2015 година чини 52.117 денари, а во вториот квартал од 2016 година 50.155 денари, што претставува мала разлика во цените. Истиот случај го имаме и во општина Kарпош каде што има речиси идентична вредност на становите од вториот квартал од 2015, и тоа 54.210 денари, а во вториот квартал од оваа година цената изнесува 54.548 денари за квадратен метар станбен простор.

Регистарот на цени и закупнини почна со работа во март 2015 година и оттогаш до јуни 2016 година во него се регистрирани 29.903 трансакции во кои спаѓаат продажби и закупи на недвижности, односно продажбите на лицитација, продажбите од инвеститор, како и откупите од Република Македонија.

Охрид со најскап квадрат во внатрешноста

Што се однесува до општините надвор од Скопје, стабилна цена на станбениот простор има во општина Струмица каде што во 2015 година е регистрирана цена од 33.083 денари, а за истиот период оваа година е регистрирана просечна цена од 32.033 денари. Во општина Тетово во вториот квартал од 2015 година има просечна цена од 33.814 денари, а во третиот и во четвртиот квартал има пад на цената. Во првите два квартала од 2016 година се бележи стабилизирање на цената, и тоа на 25.321 денар за метар квадратен станбен простор.

Во општина Охрид во овој квартал се бележи раст на цената на метар квадратен станбен простор и таа изнесува 57.957 денари, што во споредба со истиот период минатата година просечната цена изнесува 43.447 денари, односно раст од 14.510 денари.

Марjан Блажевски

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести