период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 19.05.2017, 18:14

ВО СKОПЈЕ ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА

Новиот клинички центар со хелиодром ќе биде готов за 45 месеци

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите „Гранит“, „Бетон“ и италијанската „ИНСО системи“ вчера го потпишаа договорот за изградба на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиона евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата.

Тој истакна дека на проектирањето на новите објекти и на инфраструктурата на клиничкиот центар четири години интензивно работеле тимови од италијанска компанија во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и од други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа.

Тодоров по повод потпишувањето на договорот истакна дека постојниот Kлинички центар „Мајка Тереза“ е најголем здравствен комплекс во Република Македонија, а со изградбата на новиот клинички центар ќе бидат поставени нови стандарди за квалитет на здравствените услуги во Македонија.

- Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше, но оние вистинските прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од премиерот, но овој проект не е само наш проект, ова е национален проект. Проект на државата Република Македонија. Здравјето не препознава политичка, етничка или каква било припадност и затоа најважно е овој проект целосно и навремено да се реализира за што е можно побргу придобивките од новиот клинички центар да ги имаат граѓаните и државата - порача Тодоров.

Новиот клинички центар ќе овозможи врвен третман на пациент и негово олеснето движење и удобност во рамки на објектите. Исполнети се највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани и од аспект на современото автоматизирано и централизирано управување преку билдинг менаџмент-систем, ќе се применува пневматски транспорт на биолошки материјал, кое досега воопшто го немаше во јавното здравство, и многу други најсовремени технологии при изградбата на објекти од ваков тип.

Постојниот Kлинички центар „Мајка Тереза“ се протега на површина од 17 хектари и се состои од 32 независни субјекти со вкупен персонал од 3.400 лица, а низ клиниките годишно минуваат повеќе од 800 илјади пациенти и посетители.

Новата зграда на клиничкиот центар ќе биде со нето-површина од 46.987 квадратни метри корисен простор, 6.416 квадратни метри проодни тераси и покривни градини и 531 квадратен метар хелиодром. Објектот ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром за транспорт на пациентите на 10-тото ниво.

Шилегов: Реформската влада ќе изгради универзитетски клиники

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вчера изјави дека нов клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада. Тој посочи дека граѓаните на Македонија ќе добијат реален, модерен и функционален Универзитетски клинички центар. Постапката на изградба, појасни, ќе се одвива на транспарентен начин, како што ќе работи новата влада и затоа што станува збор за потреби на граѓаните и за пари на граѓаните, а не како сега, низ политиканство и на крајно сомнителен начин. 

- Најавуваме дека ќе има ревизија на работењето на Владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото, ќе бидат преиспитани и процедурите преку кои, пред трансферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов клинички центар - потенцира Шилегов.

#



Останати вести
Солана се смееше кога му реков принципот 20 проценти да се примени во Латвија и Естонија
Идните првачиња зборуваат англиски, пишуваат, а не знаат да читаат
Албанија доби свој пржински договор
Матурантите танцуваа кадрил и се заколнаа на ненасилство

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 21.05.2017 06:49:17
SRAMNO E STO DO POSLEDEN MOMET SAKATE DA PROFITIRATE GOSPODO PROFITERI OD DPMNE,I KAZNATA KOJA JA DOBIVTE OD GRAGANITE NE VE POKOLEBA DA PRODOLZITE SO KRIMINALOT KOJ CELI 11 GODINI GO PRAVEVTE,NA GRAGANITE KOGA DOJDOVTE DO VLASTA IMAA POTREBA OD KLINICKI CENTAR I AVTOPATI I DEPONIJI ZA RECIKLIRANJE I POGOLEMI PLATI ZA DA ZIVEAT DOSTOINSTVENA,AMA VIE GOSPODO PROFOTERI GO POCNAVTE MANDAT SO PRAVENJE NA SPOMENICI I SPORTSKI SALI A SEGA VI TEKNA KOGA JA IZGUBIVTE VLASTA DA PRAVITE PATISTA I KLINICKI,PA GLADEN NE SE SPORTUVA I KUCA NE SE PRAVI OD KROV NADOLU TUKU OD TEMEL NAGORE.
Најнови вести