период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 09:43

РЕЗОЛУЦИЈА ВО ДАНСKИОТ ПАРЛАМЕНТ

Данците не смеат да станат малцинство во Данска

Еднодомниот парламент на Данска, Фолкетинг, усвои резолуција во која се посочува дека Данците не смеат да станат малцинство во данските заедници во момент кога статистиката покажува дека мигрантите и потомците на мигрантите сега се мнозинство во Брондби Странд и во Оденсе, пренесува „Брејтбарт“.

- Парламентот со загриженост забележува дека денес во Данска постојат области во кои бројот на имигранти од незападните земји и нивните потомци е над 50 отсто. Мислење на парламентот е дека Данците не треба да бидат малцинство во станбените области во Данска - се вели во резолуцијата.

Популистичката Данска народна партија (ДФ) ја претстави резолуцијата во екот на загриженоста дека имигрантска популација има несоодветно влијание во населбите во Kопенхаген. Владејачката коалиција ја поддржа резолуцијата која беше усвоена во понеделникот со 55 гласа „за“ и 54 гласа „против“. Текстот во резолуцијата прави јасна разлика помеѓу Данците и имигрантите од незападните земји, па опозицијата го смета за расистички.

- Kако некогаш ќе се постигне добра интеграција ако однапред е наведено дека вашата етничка припадност ви забранува да бидете сметани за Данци? Ова не е само тривијално ситничарење, ова е алармантно - нагласи Мартин Остергард, лидерот на социјал-либералите, на својата страница на „Фејсбук“.

Данската народна партија застана во одбрана на текстот на резолуцијата велејќи дека тоа е проблем за кој треба да се дискутира.

- Мислам дека повеќето Данци се бесни бидејќи постојат места во Данска во кои тие очигледно се малцинство. Ако се разгледа официјалната статистика, постојат места каде што имигрантите и потомци на имигрантите од незападните земји се мнозинство. Ние во Данската народна партија сметаме дека тоа е проблем и дека треба да се зборува за тоа - изјави пратеникот на ДФ, Мартин Хенриксен, на дебатата.

Данската министерка за имиграција Ингер Стојберг призна на крајот на 2016 година дека интеграцијата во Данска не успеала по инкриминирачкиот извештај за криминалот и невработеноста во триесет и едно гето во кое доминираат мигрантите.

- Според моето мислење, ова се случи затоа што ние бевме премногу исплашени да им поставиме јасни барања на луѓето што доаѓаат во Данска. Не се осмеливме да им кажеме дека очекуваме и бараме тие да се грижат за себе и за своите семејства и дека од нив се очекува да се приспособат на данските вредности - рече таа.

Данска веќе 30 години се обидува да ја искорени културата на невработеност и криминал, но шокантниот извештај на фондот за урбаното истражување „Kракс“ откри дека ситуацијата само се влошила. Во тоа време само 10 отсто од луѓето што живееле во гетата биле мигранти, а тој процент е зголемен на 50 отсто со зголемувањето на миграцијата во Данска. Сега, и покрај големите напори од владата да се избори со зоните на беззаконие, 31 гето с` уште остануваат и не покажуваат знаци на исчезнување. Според Стојберг, еден од проблемите е зголемено ниво мигранти кои живеат во земјата, а одбиваат да се приспособат на данското општество.

- Kога не барате ништо и не сте подготвени да донесете закони и правила со кои ќе се стегне пазарот на трудот, ќе го гледате она што го гледаме денес. А кога на сето тоа ќе го додадете големиот прилив на странци во Данска, не е ни чудо што сме таму каде што сме денес - вели таа.

Мигрантите полудуваат во близина на девојка

Данска, како и многу други европски земји, с` почесто е сведок и на сексуални напади и малтретирање од мигрантите откако почнаа да пристигнуваат во голем број.

Рафи Ибрахим, Сириец кој со години живее во Данска, вели дека на новодојдените мигранти им е тешко да се контролираат за западните жени.

- Ако видат девојка, тие полудуваат. Едноставно, не можат да се справат со тоа. Во Сирија и во многу други земји не е нормално некоја непозната жена да ви се насмевнува. Оние девојки што се малтретирани не се нужно скудно облечени или пијани. Понекогаш е доволно само да се биде девојка - вели Ибрахим.

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести