период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:06

БИЛКИ

Белиот слез е нужен за пушачите

Питомиот слез е повеќегодишна билка висока и до 3 метри, со силно исправено влакнесто стебло и листови што се во облик на срце. Убавите, крупни цвеќиња може да бидат розови, темноцрвени, бели, жолти до црвенкасти. Како диви видови растенија во Азија и во Кина, се шири на Апенинскиот и Балканскиот Полуостров. Цвета од јули до август, а се одгледува во градините и околу куќите како украсно растение, но може да се најде во природата. Антипиретик, антиинфламаторик, антисептик, адстрингент, диуретик, акспекторанс, емолиент, фебрифуг, лаксатив, ресолвенс. Други имиња за него се: црвен слез, розикаво бел слез, питом слез.

Името го добил по грчкиот збор Althaia, што значи лекува. Карло Велики во 812 година го вовел задолжителното садење во Франција. Во народот постои и еден обичај да се сади питом слез пред куќата, ако во таа куќа има девојка за мажење.

Младите листови, младите изданоци, цветните пупки, се употребуваат сурови или варени, а цветните ливчиња и цветните пупки за салата. За лек се сушат тукушто отворените цветови, кои се сушат брзо на топло место за да ја зачуваат својата природна боја. Потоа се чуваат во херметички затворени садови.

Содржат етерични масла, антоцијанин, танинска киселина, слуз, црвена боја - алтеин, фенолна киселина, минерали и така натаму.

За горните дишни патишта

Лековитоста на слузта на белиот слез успешно се користи во лекување на горните дишни патишта. Цветот на питомиот слез во народната медицина е стар и проверен лек за лекување на слузницата на дишните, дигестивните и уринарните органи и се користи за лекување на кашлица, настинка, бронхитис, хроничен бронхитис, туберкулоза, болка во градите), болести на грлото (ангина, црвенило на грлото, особено кај пушачите кои имаат суво грло од прекумерно пушење, воспаление на хранопроводот, засипнатост). Корисен е при слаба циркулација, болести на желудникот и цревата (катар на желудникот и цревата, гастритис, при нарушувања на празнењето на дебелото црево - запек), болести на бубрезите (за повеќе мокрење), женски болести (дисменореја, воспаление на матката), кожни заболувања (разни воспалителни и инфективни состојби на кожата - чиреви, изгореници, исип, ерупции, каснувања од инсекти и отровни животни, оток), разни крвавења, болка во увото.

И за прекумерно мокрење

Сокот од коренот и од целата билка во цут ги користиме при губење на апетитот, а самиот корен се користи за лекување на надворешни чиреви и за внатрешна употреба при дизентерија. Семето се користи за лекување прекумерно мокрење, треска проследена со висока температура, проблеми со кожата (како што се исипи и разни нечистотии на кожата)

Лековити билки со кои се меша во чајните мешавини се бел слез, црн слез, камилица, нане, ајдучка трева.

Во тибетантската медицина, коренот и цветот се користат за бубрежни заболувања, воспалителни состојби, женски болести. Контраиндикации не се познати.

Во ладна вода

Чајот од питом слез најдобро е да се прави во ладна вода бидејќи вакви деликатни билки го губат својот квалитет кога ќе се загреат. Ова особено важи за цветовите или некои меки корени, особено оние што содржат слуз.

Состојки:
1 лажичка до 1 супена лажица билки
1 чаша ладна вода

Подготовка:
Ставете ги билките во чаша (или тенџере, ако сакате да подготвите повеќе од една чаша).
Прелијте ладна вода преку билките.
Покријте ја чашата за да се спречи испарувањето на етеричните масла.
Нека преноќат на ладно 8 до 12 часа.
Прецедете го чајот и загрејте го до температура за пиење.
Прелијте го чајот во чаша.
Пијте го во мали голтки.

(Е.Т.Е.)







#



Останати вести
И премногу овошје дебелее
Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса
Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови
Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта
80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето
Правот од коноп спречува болести на срцето
Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести