период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 19.05.2017, 11:35

Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата

Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, СВР Скопје поднесе  кривична пријава против лицата А.Б. (60) од Тетово и А.Ш. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

Првопријавениот А.Б., откако насилно влегол во Собранието, во прес салата се туркал и се обидел физички да се пресмета со обезбедувањето на пратеникот О.С., упатувајки им закани. Во моментот кога сакал да се доближи до пратениците бил задржан од страна на  друго лице.

Второпријавениот А.Ш. насилно ја отворалил влезната врата на Собранието, удирајки ја со раце и нозе, притоа туркајќи ги и влечејќи ги полициските службеници поставени во кордон пред вратата.

За преземените дејствија на двајцата пријавени обезбедени се видео записи, со нив биле извршени разговори во кои целосно ги појасниле преземените дејствија, по што истите се ослободени.

#



Останати вести
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Го бодел со нож зетот во болница

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести