период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 19.04.2017, 17:32

МАKЕДОНСKИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ

Иванов: Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки

Мандатот за формирање влада нема да биде врачен с` додека правните и политичките пречки не бидат отстранети, порача вчера македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ.

-С` додека тие пречки не бидат отстранети, јас не можам да донесам одлука што ќе биде оспорена. Ако биде оспорена една таква одлука, тогаш ќе биде отворено прашањето за мојата одговорност. Затоа барам и инсистирам правната и политичката пречка да бидат отстранети, рече Иванов.

Одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност во врска со последиците од кризата, Иванов рече дека тој го почитува Уставот и праксата од 1992 година и дека не чувствува одговорност за кризата. Институционалната криза, додаде Иванов, ќе ја немавме ако ја немаше платформата која од политичка н` воведе во институционална криза.

-Јас го почитувам Уставот и праксата создадена во 1992 година. Тоа им го кажав и на сите претставници на партиите кога беа на консултации. Треба да се почитува тоа што е во Уставот и роковите предвидени во Уставот и преседанот направен во 1992 година. Надвор од тоа, која било донесена одлука доведува до прашање за мојата одговорност. Јас сум под заклетва и ќе го почитувам тоа што е уставен поредок на Република Македонија, потенцира претседателот Иванов.

Македонскиот претседател посочи дека токму поради платформата што се појави по парламентарните избори Македонија не може да се избере претседател на парламентот, ниту пак да почне процесот за создавање влада.

- Едно е политичката криза што ја решивме со изборите на 11 декември, а со платформата добивме институционална криза. Јас тука не чувствувам одговорност бидејќи го почитувам Уставот и тоа што се бара од мене, а ги имам предвид и одлуките на Уставниот суд и затоа не смеам да донесам одлука што ќе биде оспорена од кого било, потенцира Иванов.

На средбата македонскиот претседател го информира Иваниќ за актуелната политичка состојба во Македонија и притоа потенцира дека постизборната платформа, која е пречка за давање мандат за формирање влада, ја доведува земјата во позиција на потчинетост и на зависност од друга држава.

- Со тоа се загрозуваат суверенитетот, самостојноста и унитарноста на државата, рече Иванов додавајќи дека двајцата државници се согласиле дека ваквото мешање во внатрешните работи на Македонија е поттик за реализација на големонационалистички идеи. Потребна е, посочи, промена на реториката во регионот.

Kоментирајќи го односот на Брисел кон земјите од регионот, Иванов рече дека Македонија е школски пример како ЕУ не треба да се однесува со некоја земја, потенцирајќи дека довербата кај граѓаните во ЕУ опаѓа кога тие гледаат отсуство на европеизација.

- Ние с` уште немаме датум за отпочнување преговори и затоа ја отвораме иницијативата да бидат креативни во ЕУ и да бидат отворени поглавјата 23 и 24. Евроинтеграциите на државите од нашиот регион се на некој начин од суштинско значење за стабилноста, развојот и просперитетот на целиот регион. Од приоритетно значење е отворање на поглавјата 23 и 24 за сите земјите од регионот кои не се членки на ЕУ бидејќи од тие области произлегуваат сите предизвици со кои се соочуваат нашите земји, додаде Иванов.

Иваниќ: Не може да биде добро за земјата сè што доаѓа однадвор

- Не сум запознат во детали со тиранската платформа, но не с` што доаѓа однадвор не може да биде добро за земјата, рече Младен Иваниќ, по средбата со Иванов.

Тој додаде дека ова го констатира врз основа на искуството што го има во Босна и Херцеговина.

-Многу добро знам како човек што доаѓа од Босна и Херцеговина дека сето тоа што доаѓа од надвор, како што го имавме во Босна што доаѓаше од Белград и од Загреб, не може да биде добро за земјата, изјави Иваниќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Претседавачот на босанското Претседателство истакна дека е уверен оти македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе ги донесе најдобрите одлуки за стабилноста и просперитетот на Република Македонија.

 

#



Останати вести
Еди Рама ќе прави голема Албанија - НАТО и ЕУ ни да писнат
Она што се случува во Македонија и Бугарија е мешање на странски држави и ерозија на државноста

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести