период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 17.05.2017, 11:05

НОВИ НАУЧНИ ОТKРИТИЈА

Десет секунди од падот на астероидот им пресудиле на диносаурусите

Ударот на астероидот во Земјата, кој ~ пресудил на ерата на диносаурусите, сосема случајно имал разорено дејство врз нашата планета, тврдат научниците. Да удреше 30 секунди порано или 30 секунди подоцна би направил неспоредливо помала штета и, најверојатно, диносаурсите би преживеале. Доколку тоа се случеше, најверојатно, ни човекот никогаш не би можел да стане доминантен вид на планетата, открива новиот документарец на Би-би-си.

Со децении планетата била оладена

Се претпоставува дека астероидот удрил во Земјата пред околу 66 милиони години и тоа на подрачјето на денешниот полуостров Јукатан во Мексико. Зад себе оставил кратер широк речиси 180 километри и длабок повеќе од 30 километри.

Научниците што ја проучувале геолошката структура на кратерот откриле дека каменот е богат со сулфурни соединенија и оти тој камен при ударот на астероидот се претворил во прав. Тогаш воздухот бил исполнет со облак од прашина сличен на тој што се јавува при јаките ерупции на вулканите. Тој го засенил сонцето и значително ја изладил планетата. Со децении температурите биле исклучително ниски, што било погубно за повеќето форми на животот на Земјата. Диносаурусите кои не изумреле поради чадот, ударот на камењата или цунами, најверојатно останале без храна и умреле од глад, пишува „Дејли мејл“.

Меѓутоа, доколку астероидот со дијаметар од 9,6 километри паднел на Земјата само неколку секунди порано или подоцна, најверојатно, би паднал во Атлантскиот или во Тихиот Океан. Во секој случај, во длабока вода, и не би предизвикал толку фатални последици. Сепак, научниците претпоставуваат дека поради таквиот удар би испарил најголемиот дел од морската вода, но сметаат дека штетата во секој случај би била помала.

Исчезнале три четрвтини од животот

Професорката Џоана Морган од Kралскиот колеџ во Лондон, која со професорот по геофизика Шон Џулик од Универзитетот „Тексас“ во Остин го предводела дупчењето на почвата во Јукатан, рекла дека околу 100 милијарди тони сулфати се кренале во воздухот.

- Тоа е доволно за да се олади планетата за следните десет години и да се уништи повеќето живот на неа - оценила професорката.

Ударот на астероидот бил толку силен што три четвртини од животот на Земјата исчезнале, вклучувајќи ги диносаурусите. Но сето тоа им дало шанси на помалите цицачи, а потоа и на луѓето, да напредуваат. Научниците се сигурни дека ако ударот задоцнел или поранел само неколку секунди, немало да има толку катастрофални последици.

Водителката на Би-би-си и научник, професорката Алис Робертс, рекла дека постои можност денес луѓето воопшто и да не постоеле ако работите не се случиле токму така.

Детаљните откритија се снимени во новиот документарен филм „Денот кога умреа диносаурусите“, кој ќе биде прикажан на Би-би-си 2.

#



Останати вести
Состојката „хамлет“ од мајчиното млеко го уништува ракот на мочниот меур
Четири пријателки го превеслале Атлантикот за 67 дена

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести