период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.03.2017, 16:17

ПИСМО

Важноста на балканскиот крстопат

Балканот несомнено во игрите на големите сили отсекогаш земало значајно место, така е уште од антиката, така е, и денес. Балканот е место каде што живеат голем број нации и луѓе со различни вери, така било уште од антиката, така е и денес. Балканот е лулка на Европа, тоа е првата Европа, која се простирала од Kрит до Дунав. Географското позиционирање на Балканот ја прави неговата положба мошне значајна во геополитиката на големите сили.

Аналитичарите најчесто сметат дека Балканот е раскрсница помеѓу Исток и Запад, граничен премин помеѓу Исток и Запад. Односно место каде што се судираат двете тектонски плочи на Европа и Азија. Можеби не во голема мера, но Балканот се судира и со африканската плоча. Ова покажува дека Балканот е точка преку која може да се владее со сите три копна европско, азиско и африканско (можеби во помала мера) копно.

Токму оваа позиција на Балканот е тоа што ги привлекува големите сили. Во историјата речиси немало империја која не се интересирала за Балканот, почнувајќи од Римската Империја, Британската, Австро-Унгарската, Царска Русија, Отоманската Империја, Германската Империја, Советскиот Сојуз и Америка. На сите овие империи Балканот им бил важна политичка точка во нивната надворешна политика. На Балканот има една интересна работа, а тоа е што влијанието на големите сили го прави еден вид крстопат. Од северозапад влијае Германија, од исток Русија, од југоисток Турција, а од југ преку Грција дејствуваат милитантните земји Велика Британија, Франција и Америка. Kога ова влијание или крстопат ќе се случи на Балканот од самиот притисок настанува пеколот, буре барутот. Тогаш самите нации на Балканот од самиот надворешен притисок, односно водени од интересите на големите сили едни со други се судираат.

Според тоа разбирливо е зошто денес Балканот гори? Зошто е постојано дестабилизиран? Зошто и во ова современо доба Балакнот е се уште стратешки важно за големите сили како некое шаховско поле, на кое големите сили ги одмеруваат своите интереси? Бидејќи Балканот е граница помеѓу Исток и Запад, порта која ја поврзува Европа со Исток. Таа порта или граница, потребно е да се контролира. Затоа е и борбата на големите сили за балканскиот простор.

Единствен излез од ова ситуација на Балканот е осознавање на балканските држави за нивната геостратешка и геополитичка позиција. Балканските држави, би требало да водат политика на неврзаност поради нивната геостратешка позиција. Главно да водат политика со која нема да бидат врзани за одреден блок, туку истовремено и со сите политички блокови. Да имаат соработка со Исток и со Запад и искористување на предноста на својата геополитича позиција како раскрсница или гранца помеѓу Исток и Запад.

Значи, државите што се наоѓаат на ваква географска и политичка позиција мора да имаат сериозна политика и мора да имаат изграден одбранбен механизам во случај на тектонски нарушувања на таквиот геополитички простор на кој секогаш кога нешто крупно се случувало во светски рамки Балканот бил прв што ги чувствувал како трусно и гранично подрачје помеѓу истокот и западот.

Дали експертите во Македонија го знаат сето ова? Знаат ли географски и геополитички каде им се наоѓа државата? Ако знаат тогаш зошто нашите политичари водат политика „глеј на Запад“?

Македонија се наоѓа токму на раскрсница помеѓу Истокот и Западот, токму тоа ја прави значајна иако е мала. Значи Македонија е гранично и трусно место. Од тука се знае зошто Македонија била и се уште е значајно шаховско поле во играта на големите сили. Тоа се гледа кристално јасно во она што денес ни се случува, а впрочем и сите овие работи кои денес ги доживуваме се должат токму поради нашата географска позиција.

Затоа и ние е потребно да водиме политика на сериозна држава, особено сега кога се раѓа нов светски поредок во кој по се изгледа дека големото влијание ќе имаат новите сили Kина, Русија, Индија, Иран, африканските држави и Латинска Америка. Додека ЕУ во меѓународната политика се повеќе ја губи кредибилноста, во тој случај каде ние ќе се позиционираме? Нам ни треба да ја искористиме нашата позиција како граница помеѓу Исток и Запад. Поради тоа нашата политика треба да биде политика на неврзаност, политика на соработка со големите сили и блокови, а не уцапани како слуги во еден центар на моќ во кој ќе се крстиме како да е божество, како што тоа го правевме досега со Брисел и Вашингтон, пред тоа со Белград и Москва.

Токму оваа позиција на Балканот и Македонија ни покажуваат зошто на Американците им се толку важни Албанците, зошто ги избраа Албанците како нивни партнери и сојузници. Бидејќи им се на список за користење на контролата на портата на Европа спрема Азија, односно граничниот премин. Се гледа дека преку Албаницте сакаат да ја користат моравската, прешевската и вардарската долина, бидејќи овде точно паѓа границата помеѓу исток и запад. Затоа и ги туркаат во федерализација на Македонија, ги туркаат да ја бараат Прешевската Долина од Србите.

Поради сето ова, време е да се освестиме и да водиме вистинска политика која ќе ~ одговара на земја која се наоѓа на крстопат.

Мишко Ливрински - Kубраjт, Скопjе

#



Останати вести
За унитарноста и јазикот не се преговара
Хроничната болка на СДСМ кај македонските гласачи
Субвенции за оживување на селата
Деца во челуста на кучиња

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести