период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 21.04.2017, 16:18

Шојбле затечен, Американската централна банка ја казни Дојче банк со 150 милиони долари


Федералните резерви на САД (ФЕД) изрекоа казна од повеќе од 150 милиони долари на германскиот банкарски гигант Дојче банк поради лоша пракса во девизното работење и слаба контрола.

Американската филијала на Дојче банк мора да плати 136,9 милиони долари на име „ризично и неодговорното однесување“ на девизниот пазар, соопшти ФЕД, кој го регулира работењето на банкарскиот сектор во САД, јави „Франс прес“.

Според соопштението на централната банка на САД, Дојче банк не успеала да открие и да се справи со тоа што нејзините трговци со девизи користеле апликации за електронски разговори за да комуницираат со конкурентите за нивните трговски позиции.

ФЕД исто така ја казни Дојче банк со 19,7 милиони долари бидејќи не работела во согласност со правилото на Вокер, со кое на банките им се забрануваат одреден тип инвестиции од сопствени сметки. Покрај паричните казни, ФЕД ~ нареди на најголемата германска банка да ги подобри надзорот и контролата во врска со тргувањето со валути и владеењето на правилото на Вокер.

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, апелира САД да останат дел од светското стопанство и да не се обидуваат да остварат предност на штета на други земји. Шојбле исто така повторно ги отфрли обвинувањата на официјални лица од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трумп дека трговскиот суфицит на Германија е знак на нечесните мерки што ги вовел Берлин, јави агенцијата АФП.

- Сите имавме голема корист од глобалната интеграција и трговија во последните години, а Вашингтон беше лидер во тој процес - изјави германскиот министер.
Но, иако Шојбле укажа дека секоја влада има легитимно право да води сметка за сопствените интереси, сепак го предупреди Вашингтон дека мирот и просперитетот на една земја не може да биде на сметка на мирот и просперитетот на друга.

Шојбле призна дека релативно слабото евро му помогна на германскиот извоз, како што тврдат луѓето од администрацијата на Трамп, но за тоа ги обвини ниските каматни стапки и другите вонредни стимулативни мерки што ги спроведува Европската централна банка за да ја поттикне внатрешната економија во еврозоната.

Шојбле на состанокот со министерот за финансии на САД, Стивен Менучи, објаснил дека трговскиот суфицит на Германија е резултат на висококвалитетен извоз, а не на протекционизам и додал дека никакви мерки нема да го намалат овој суфицит. Тој истакна дека ЕЦБ по примерот на американските Федерални резерви почнува да размислува за да укине одредени симулативни мерки, кои освен што влијаат на вредноста на еврото, може да предизвикаат и ризично однесување на финансиските пазари.

#



Останати вести
Челзи прв финалист во ФА купот
Уметник три недели седел на јајца, се испилиле 10 пилиња
Хидвеги: Сорос даде 3,8 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Ограбени црквите во манастирскиот комплекс во Лешок
Тетовец починал во превртено БМВ на автопатот Скопје - Тетово
Претседателски избори во Франција од кои зависи иднината на ЕУ
„Шпигл“: Илјадници талибански борци пристигнале во Германија со мигрантит
Повредени двајца полицајци при претрес на осомничен нарко дилер
Баерн одигра нерешено дома со Мајнц
Кејт Мидлтон: Се посветив на децата и се чувствувам осамено
Втора титула во 2017 година за Ѓорческа во двојки
ВМРО-ДПМНЕ: ММФ проектира раст од 3,2 проценти, што е повисоко и од владината проекција
Дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром се игра во „Градски парк“
Зошто такси возилата се во жолта боја?
Нападнат полициски службеник од пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“
Објавени поетскиот и рецитаторскиот конкурс за „Рациновите средби“
Трамп: Со Меркел имав „неверојатна хемија“
Рускиот робот Федор како Џејмс Бонд
Основно барање - предвремени парламентарни избори
Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани
Поради ладната зима и продолжената грејна сезона нема да дојде до порамнување на сметките за парно
Kонцерт на Чик Kореа со „Електрик бенд“ во „Метрополис арената“
Црквата ги повикува полуматурантите за запишување во средното богословското училиште
Грнчаров и Хасани ќе се ладат два меча за кошкањето во Тетово, Шкендија на дисциплинска
„Дедо и внук“ ќе биде првиот „целосно охридски игран филм“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести