период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 11.01.2017, 16:04

Шарапова се враќа на терените во април во Штутгарт

Поранешната светска тенисерка број 1 одработува 15-месечна суспензија по позитивниот тест на „мелдониум“ на Австралија опен минатиот јануари што официјално завршува на 26 април. Турнирот во Штутгарт е очекуван избор на Шарапова бидејќи „Порше“ е еден од спонзорите на Шарапова, иако се мислеше дека нема да може да игра бидејќи турнирот почнува два дена пред крајот на суспензијата.

- Не можам да бидам посреќна што првиот меч на турнејата ќе го имам на еден од моите омилени турнири. Едвај чекам да ги видам моите навивачи - вели Шарапова.

Русинката ќе се врати без рејтинг и ќе ~ биде потребна вајлд-карта за да влезе на турнирот. На двократната шампионка од „Ролан Гарос“ ќе ~ биде потребна вајлд-карта да игра и на гренд-слемот во Париз, а истото ќе биде потребно и за Вимблдон.

Штутгарт е еден од најуспешните турнири на Шарапова каде што има освоено три титули во низа од 2012 до 2014.

#



Останати вести
Kавга меѓу играчите и раководството на Барса причина за непојавувањето во Цирих
УЕФА го казни Партизан со неиграње во Европа поради финансиски долгови
Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Реал го пушта, Родригез не сака да биде најскап играч во светот
Седум години казнет со неиграње тенис поради наместен меч
Битолчани донесоа уште еден Бразилец
АТП ќе организира завршен турнир за млади за да се подготви за смена на генерацијата
Лазаров: Без математики, можеме да се справиме и со најсилните селекции
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Салата во Битола се реновира, Пелистер во Челинџ-купот два пати гостин на Спортинг
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести