период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 13:56

Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра

Португалскиот фудбалер Андре Силва го напушти Порто и во новата сезона ќе настапува за Милан, а трансферот е вреден 38 милиони евра.

Силва  пристигна во Милано на медицински прегледи и се очекува да стави потпис на петгодишен договор со седумкратниот шампион на Европа.

22-годишнниот Португалец најверојатно ќе го носи дресот со црвено-црниот дрес со број 10. Од него се очекува да биде предводник на напаѓачкиот ред на калчолигашот.

Милан првично сакаше да го ангажира Алваро Мората од Реал Мадрид или Андреа Белоти од Торино, но откако не успеаја преговорите со нив, се сврти кон португалскиот репрезентативец.

Силва ќе биде четвртото засилување за Милан во новата сезона. Претходно на „Сан Сиро“ дојдоа Матео Мусакио, Френк Кеси и Рикардо Родригез.

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца
Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести