период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 12:52

„Металика“ најави нова турнеја

Американската хеви метал група „Металика“ објави дека на 10 мај ги почнува своите тримесечни концертни настапи во САД и Канада, што ќе биде прва турнеја на бендот по 2009 година.

Турнејата, во чии рамки „Металика“ ќе има 25 настапи, ќе почне со концерт во американскиот град Балтимор на 10 мај, а ќе завршува во канадскиот град Едмонтнон на 16 август.

На турнејата ќе биде промовиран деветтиот студиски албум на „Металика“ „Hardvired... to Self-Destruct“, кој од излегувањето во ноември досега е продаден во два милиони примероци. Тој е прв студиски албум на бендот од 2008 година, што е најдолга пауза меѓу двата студиски албуми во историјата на „Металика“.

За секој купен билет на турнејата, обожвателите ќе добијат и примерок од новиот албум.

„Металика“ на турнејата најчесто ќе ја придружуваат американскиот бенд „Авенџед Севенфолд“ и данскиот „Волбит“, а во август ќе им се придружи и француската група „Гожира“.

Тапанарот на „Металика“, Ларс Улрих уште лани во август за магазинот „Ролингстон“ ја најави можноста за турнеја, велејќи дека е време „прописно да се размрда Америка“.

- Ќе биде забавно во овие луди и конфузни времиња на поделби да се види како сите се собираат, како ги оставаат на страна различностите и уживаат во музиката. Ние сме многу возбудени поради враќањето, рече Улрих.

„Металика“ во неделата вечерта настапи на доделувањето на наградите Греми, каде Лејди Гага ја пееше песната „Moth into flame“ од нивниот нов албум.

 

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести