период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 09:36

ЗГОЛЕМЕНА НАДЕЖТА KАЈ БОЛНИТЕ ОД РАK И ХЕПАТИТИС

Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици

Повеќе од два милиона евра годинава ќе бидат потрошени за набавка на најсовремена терапија која досега не беше достапна за пациентите во Македонија преку спроведување интегриран пристап од ФЗОМ, Агенцијата за лекови и Министерството за здравство, нагласија директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, на вчерашната средба со претставници на Алијансата на пациентските организации, здружението за борба против ракот „Борка“, „Животна искра“ и здружението „Хепар-центарот за заштита на болни од хепатитис“.

- Создадовме услови за набавка на девет нови лека за терапија на болните од хроничен хепатитис Ц, за болните од рак на дојката, рак на белите дробови, рак на дебелото црево и рак на црниот дроб, како и за болните при трансплантација на коскената срцевина. Со неа ќе бидат опфатени оние пациенти што ги исполнуваат критериумите да ја примаат оваа терапија - рече директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.

За претседателката на „Борка“, Биба Додева, воведувањето на новите терапии е историски исчекор и значи многу за пациентите.

- Ова покажа дека институциите имаат слух и Фондот ги отвори вратите и ја разбра важноста. Се овозможува нова терапија која е многу битна и докажано може да го продолжи и спаси животот на пациентите - рече Додева.

Претседателот на здружението „Хепар-центар“, Милан Мишковиќ, рече дека со промовирањето и вметнувањето на новата програма за хепатитис Ц им се дава можност на пациентите да бидат комплетно излекувани.

На новинарско прашање дали ова претставува краткорочно решение, Стефановски рече дека ова претставува стабилно решение кое ќе овозможи набавка на овие лекови.

- На крајот на денот најважно е пациентот да го добие лекот, а техниката на носењето на лекот е второстепена ако лекот е присутен во државата. Одговорноста за спроведување на тендерските постапки оди кај менаџментите на соодветните институции на кои им е доделен ваквиот буџет и од нивната навремена реакција и од спроведувањето на сите постапки.

Запрашан дали со новите терапии ќе бидат опфатени сите пациенти, Стефановски рече дека во медицината постојат критериумите базирани на научни докази и биохемиски анализи кои квалификуваат некого како кандидат за примање одредена терапија.

- Во таа насока Фондот изминатата година склучи договор со лабораторијата на Фармацевтскиот факултет, која е акредитирана за утврдување која од оваа најсовремена терапија дејствува на соодветен тип рак. Тоа е на товар на државата и испитувањата што пациентите мораа да ги плаќаат и до 15.000 денари сега се на товар на Фондот - рече Стефановски.

Тоа значи дека со персонализирана медицина ќе биде прецизирано кој од пациентите ќе ја прими новата терапија, која веќе од април годинава ќе почне да се применува. На Kлиниката за радиотерапија и онкологија годишно има по речиси 4.000 новорегистрирани болни со карцином. Позитивната листа на лекови кои се на товар на Фондот за здравство не е обновена 2 години, па во меѓувреме пациентите се лекуваа со постари препарати.

(Љ.Б.)

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести