период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 19.05.2017, 11:40

Графичкото мајсторство на светски познатиот скулптор Иван Мештровиќ за „Европската ноќ на музеите“

 

Националната галерија на Македонија во рамките на европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ ќе се претстави со изложбата „ИВАН МЕШТРОВИЌ, графики од Депоата на НГМ“, која ќе биде претставена во објектот Чифте амам од 18 – 31 мај 2017 година.

Изложбата ќе и понуди на македонската публика ретка можност да проследи оригинални литографии (21) од светскиот скулптор Иван Мештровиќ (1883 – 1962), овојпат претставен како цртач и графичар. Делата се составен дел од мапата литографии од 1923 и се сопственост на Националната галаерија на Македонија (од т.н. екс-југословенска збирка). Мапата ќе биде проследена и со презентација на 2 скулптури од уметникот, исто така сопственост на Националната галерија.  

- Изложбата има за цел да го претстави пред македонската публика цртачкото и графичкото мајсторство на скулпторот Иван Мештровиќ. Тоа е единствена прилика македонската јавност да ги види овие дела кои што за прв пат се изложуваат, а се дел од т.н. екс-југословенска збирка на некогашната Уметничка галерија „Скопје“, систематски собирана во втората половина на четириесеттите години на минатиот век. Ценејќи го реномето на Мештровиќ како светски признат уметник, сметаме дека изложбата ќе предизвика несекојдневен интерес - велат од галеријата.

#



Останати вести
Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја
Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви
Новиот македонски филм за тројца бездомници премиерно во театарот „Џинот“
Прекинат филм на Канскиот фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести