период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 09.06.2017, 22:05

Во оЧекување на глобалниот потоп

Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?

Во воената база на Алјаска, североисточно од градот Енкориџ, работи тајна инсталација која ја загрева јоносферата со огромни антени! Според експертите, чудните бранови на Северното Море и енормно високите пролетни температури во Москва, кога пред десет години беа измерени 35 степени над нулата, како и снегот што падна во Рио де Жанеиро, Бразил, и во Африка, директно се поврзани со активностите на тајниот камп во Алјаска. Зошто глобалната владејачка елита настојува да ја контролира климата на Земјата? Дали е точно дека во секој момент може да предизвикаат бури, урагани и земјотреси? Во врска со тоа уште пред 22 години Фил Шнајдер, американски геолог и инженер, кој учествувал во повеќе тајни владини проекти, меѓу другото има изјавено дека американската влада поседува уред за предизвикување земјотреси: „Јас сум геолог и точно знам за што зборувам. За време на земјотресот во Kобе, Јапонија, немаше пулсирачки бран како што е случај кај нормалните земјотреси...“ Набрзо по ова свое тврдење, односно предавање, Шнајдер беше пронајден мртов во својот стан со клавирска жица околу вратот. Во меѓувреме со помош на „антените“ во Алјаска бил предизвикан пороен дожд и катастрофални поплави во Индија, како и снег и дебела ледена покривка во Јордан и Ирак !?



Осум години до воспоставување целосна контрола

на климата!?



Според планот на големите „газди на светот“, до 2025 година климата на нашата планета ќе биде под целосна контрола, то ест ќе биде воспоставена целосна контрола на временските услови. Проектот, чиј главен центар е на Алјаска, всушност е дел од едно од најголемите злосторства против човештвото, а техничката инсталација се состои од неколку функции, меѓу кои најинтересен е инструментот за истражување на јоносферата. Овој „инструмент“, кој во жаргон го нарекуваат греач, велат упатените, претставува најсилен досега направен високофреквентен предавател во светот. Електромагнетните бранови навлегуваат насекаде, без разлика дали станува збор за жива или за нежива материја. Досегашните успешни експерименти иницирани од „центарот“ овозможуваат да се менува човечката психа, односно негативно да се влијае на здравјето на луѓето, да се наруши човечкиот нервен систем и да се менува атмосферата на Земјата.

Во тој контекст најновите истражувања во врска со климатските промени потврдуваат дека Полинезија, на пример, ќе биде потопена, Пакистан и Јужна Индија напуштени, а Европа ќе се претвори во пустина! А за тоа се потребни само четири Целзиусови степени потопла клима отколку сега. Веднаш потоа, во такви услови, Антарктикот нема да биде заледен, а северниот дел на Kанада, Скандинавија и Сибир ќе станат житници. Алпите ќе останат без снег а Јужна Европа ќе стане Сахара. Луѓето што ќе преживеат ќе бараат спас во Нов Зеланд, Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и Северна Русија, кои ќе станат засолништа за поголемиот дел од населението во светот, зашто само тие ќе имаат одредени области релативно погодни за живеење. Во меѓувреме, ваквите контролирани климатски промени Балканот ќе го претворат во пустина за воени вежби и нуклеарни проби. Ако малобројните пустински талкачи с` уште сакаат да војуваат, тогаш меѓу себе ќе војуваат за неколкуте оази со бунари што ќе останат попатно негде од Гевгелија до Триглав. Kако и да е, голем број научници с` помалку се сомневаат дека апокалиптичните климатски промени веќе се случуваат и дека тие се креација на човекот.

Големите антени во Алјаска и во уште десетина други тајни бази во светот, всушност се дел од проектот за стимулирање и контрола на процесите во јоносферата, односно на оној дел од атмосферата на висина од 50-80 километри, која содржи големо количество наелектрализирани честички настанати од дејствување на сончевиот ветар, и имаат големо влијание во простирањето на електромагнетните бранови. Во тајната база на „господарите на светот“ на 13 хектари е сместена опрема, уреди за прием и емитување на огромни количества енергија. Системот го сочинуваат 180 антени и шест генератори со вкупна сила од преку три милиони вати. Притоа, меѓу другото, со овој систем може да се влијае на работата на човечкиот мозок, да се испитуваат шуплините под површината на земјата, да се спречува радиокомуникацијата на одредени подрачја, па дури да се уништуваат и авиони, проектили и сателити. Сепак, се чини, најважно е тоа што овој систем со промена на хемиската структура, температурата и влажноста на високите слоеви на атмосферата може да влијае на климата и на сите придружни климатски ефекти на одредена територија. Имајќи ја предвид ваквата моќ на системот, владата на Соединетите Американски Држави нема да дозволи да се тргнат антените на овој систем до 2025 година ниту во една од држите во светот каде што ги имаат поставено. А дотогаш треба да заврши експериментот со климата и влијанието на свеста на луѓето. Многумина сметаат, особено по она што се случи минатата година во село Стајковци и Скопската Kотлина, на пример, дека вакви антени има и кај нас, во нашиот регион, можеби на Kале или во Бондстил. Во секој случај со сигурност ги има во Србија, а беа поставени пред шест години за време на владата на Мирко Цветковиќ. Во српските медиуми отворено се пишува дека ваквата станица е лоцирана најверојатно во околината Белиње, покрај Бараево, близу Белград, или, евентуално во Институтот за физика, односно лабораторијата за плазма во Земун.



Манипулација и разорување на човечките ментални

процеси!



Пред извесно време, на една од трибините одржани на Универзитетот „Стенфорд“, учествувал и физичарот и климатологот Хенри Kолман, кој детаљно го има истражено монструозниот антенски систем. Во своето обраќање, тој изјавил дека овој систем ќе трае до 2025 или евентуално до 2050 година, до кога според процените ќе биде потребно нискофрекфентните бранови да влијаат на јоносферата за да предизвикаат тотална промена на климата. Во изминатите неколку години во САД се појавија десетина книги и публикации на оваа тема, односно расправи за тоа што овој систем може да направи, но сите дела во кои што отворено се пишувало за штетните последици по климата и менталната свест на луѓето биле игнорирани а промоциите биле откажувани. Американските воени документи, кои неодамна беа декласифицирани, докажуваат дека американската војска развила систем кој работи на пулсирање на електромагнетни зрачења (ист принцип на кој работат и антените на ХААРП) што е наменето за манипулација и разорување на човечките ментални процеси (мозочни бранови), користејќи моќни елекромагнетни зраци во радиоспектарот, и тоа во големи области на планетата одеднаш.

Според Збигњев Бжежински, поранешен советник за национална безбедност на Kартер и Мекдоналд, советник за научни прашања на претседателот Џонсон и професор на Универзитетот „Ју-си-ел-еј“, семоќните „глобалисти“ веќе се на патот кон создавање контролирано општество со кое ќе може полесно да се управува. Глобалното општество би било контролирано од елитна група луѓе што се супериорни во однос на тајното научно знаење. Овие контроли ќе бидат ослободени од традиционалните либерални вредности и ќе бидат во можност да ги постигнат своите политички цели со користење на најдобрите технологии за да влијаат на луѓето и нивното однесување, а ќе бидат во можност да остварат и целосна контрола врз популацијата во светот. А дека работите се одвиваат во таа насока, може да се види и од веќе нарушените карактеристики на годишните времиња. Порано се знаеше дека зиме паѓа снег, лете грее сонце, а во Европа немаше урагани! Сега правила веќе нема, а пролетта и есента како да не постојат. Од зима се оди директно во изгор-лето, а од лето во сурова зима. Притоа на списокот виновници за ваквите ненормални појави научниците редовно го ставаат системот со центар во Алјаска, чиј сигнал е детектиран во високите слоеви на атмосферата на висина од 100 до 350 километри каде што го апсорбира јоносферата. Токму овој сигнал е причина за перманентно загревање на атмосферата на големи висини на подрачја од неколку десетина километри. Многумина велат дека системот што зрачи од земјата е еден вид огромна и скапа греалка за надворешна употреба. Ефектот на загревања се користи за суптилна промена на воздушните струи и создавање масивни, кумулативни метеоролошки ефекти над одредени подрачја, кои може да траат со денови и недели. Главниот систем, односно шесте дизел-генератори со јачина од 3.600 коњски сили согорува 95 тони дизел дневно, создавајќи повеќе од седум тони отпад што го загадува инаку кристално чистиот воздух во Алјаска. Населението се обидува да се бори против системот што ги уништува, но како одговор на овие протести, заменик-секретарот за одбрана на САД во 1994 година барал зголемување на фондот за проектот ХААРП од пет милиони долара на 75 милиона за 1996 година. Денес буџетот за системот е 10 милијарди долари! Барем официјално. Воените документи говорат дека намерата на проектот ХААРП е да раскине дел од јоносферата, загревајќи ја со помош на моќни пулсирачки нискофреквентни радиобранови.

Инаку, проектот ХААРП (The High Frequency Active Auroral Research Program) е дел од тајните американски планови за контрола на светот. Развиен е како проект на англоамериканските партнерски односи (Raytheon Corporation и British Aerospace Systems), и претставува еден од неколкуте слични проекти, опасни и рискантни воени потфати. Примарниот цел на проектот ХААРП првично бил развиен за да и се овозможи на американската морнарица безбедна комуникација со подморниците на сите краеви од планетата. Проектот се базирал на замислите на Тесла за големото количество енергија која се наоѓа во атмосферата на нашата планета. Kонтролата на метеоролошките состојби - формирање вештачки дождови, долготрајни суши или силно невреме - претставува клучен дел од проектот ХААРП, а резултатите веќе се чувствуваат и во Македонија.

Блаже Миневски

 

Гигантскиот грејач ја сече атмосферата што нe штити од космичко зрачење!

Експерименталната програма ХААРП (The High Frequency Active Auroral Research Program) има за цел да ја проучува јоносферата и преку вештачки предизвикани температурни промени да ги проучува промените и нивните карактеристики. Меѓутоа постојат сериозни опомени од страна на Розали Бертел, претседателка на Интернационалниот институт за грижа за човечкото здравје, дека ХААРП е гигантски грејач способен за големи промени во јоносферата со моќ да создава не само дупки туку буквално да го засече слојот во атмосферата, кој не штити од погубното космичко зрачење. За овој потфат физичарот д-р Бернард Астлунд изјави дека претставува најголем грејач на јоносферата кој некогаш постоел.

Според многумина, проектот ХААРП спаѓа во истата група истражувања како и создавањето на првата атомска бомба. Настанат е пред неколку децении во Пентагон, а главните ресурси се сместени во дивините на Алјаска, доволно оддалечена област со идеални климатски карактеристики. Срцето на проектот е уредот за емитување сноп од енергија со сила од 1,7 гигават насочени кон јоносферата што доведува до нејзиното „вриење“. Јоносферата реагира со зрачење на долги бранови кон површината на земјата, а тоа зрачење може да има глобални последици за живиот свет за што обично не се говори во научните кругови.

Руската Дума, говорејќи за оваа американска програма, изнесе мислење дека станува збор за воено оружје способно да ја оневозможи радиокомуникацијата, да предизвика сериозни пречки во електричната мрежа, во системите за снабдување со гас и нафта, и да предизвика катастрофално лошо влијание врз менталното здравје на луѓето во погодениот реон. Преку овој систем може да се контролираат временските состојби, па преку нив во одредени подрачја да се изврши дестабилизација на економскиот, агрокултурниот и екосистемот. Погодената земја ќе зависи исклучиво од Западот, првенствено од Америка, што би довело до подредена и зависничка положба на подолг временски период. Во тој контекст, според експертите, Америка може да претвори голем дел од човештвото во зомби.

#



Останати вести
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Kатарски гамбит за иранска завршница
Нека спортуваат децата, тоа е најдобар лек за коските
Деликатес е да трчаш и да си го сакаш градот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести