период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 18:12

Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО

Доколку Грција прифати влез на Македонија во НАТО под привремената референца, НАТО нема да има ништо против,
рече на заедничката прес конференција генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев.

“Она што го рековме на сите самити од 2008 година е дека е потребно заеднички прифатливо решение во рамките на НАТО. Ние не прецизиравме какво решение. Она што е важно е да биде заеднички прифатливо и прифатено од Грција и поранешната југословенска Република Македонија. И тогаш ќе можеме да тргнеме напред. Но не е до мене да диктирам какво треба да биде решението,туку заеднички прифатливо решение во рамките на
Обединетите Нации”, изјави Столтенберг .

Тој посочи дека ,,Скопје “ е важен партнер на НАТО и му се заблагодари на премиерот Заев за придонесот што го даваат нашите мировници во мисијата во Авганистан .

Столтенберг рече и дека НАТО ќе продолжи да го поддржува ,,Скопје “ во неговите евроатланстски интеграци,
вклучително и кон полноправното членство во НАТО .

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот
(ВИДЕО) Собраниски и владини седници на aлбански јазик
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката
Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....
Кети Пери се расплака пред камера
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот
Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил
Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез
"Лачни Франз" на Скопско лето
Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Јустинијан, 12.06.2017 18:50:18
Фотографијата „плаче“ за caption contest...
tashko, 12.06.2017 21:18:48
Ako sme vi vazen partner sto ne ne primite vo NATO tuku samo ste uceni da ne tapsate po ramena i ucenuvate.Grcija mnogu pomalku ima napraveno za NATO otkolku Makedonija...tranzitiravte niz Makedonija i dinar ne plativte a za smetka na toa vo Grcija koja e vasa clenka debelo vi naplati sto gi koristevte nivnite patista i red drugi raboti.Treba da im go otkazeme partnerstvoto i da se svrtime vo sojuz so Rusija
правна држава, ами како, 13.06.2017 00:12:40
А пресудата од Хашкиот суд да си ја закачиме над телевизор у комбинована?
Ники, 13.06.2017 08:51:43
Ако НАТО не може да ни го сочува името (при судска одлука од Хаг) што друго ќе ни одбрани. А логиката вели Република Македонија никогаш нема да влезе во НАТО, зошто ако го смени името, ќе влезе држава со друго име, а ако не го смени Грција става вето на влез. Гуд бај мај лав НАТО.
Најнови вести