период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:18

НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА

Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови

По оброкот сте почувствувале грчеви, надуеност, гадење и болка проследена со дијареа. Ако оброкот содржел млеко или некои од млечните производи, можеби страдате од нетолеранција на лактоза - млечен шеќер. За среќа, ова не е болест, ниту сериозно нарушување, а за да исчезнат симптомите, доволно е да запрете со консумирањето млечни производи или да ги јадете оние што не содржат лактоза, а кои ги има с` повеќе на пазарот.

Избор на намирници

Нетолеранција на лактоза се јавува кога во тенкото црево на дигестивниот тракт не постои ензимот лактаза или клетките во дигестивниот тракт не го произведуваат во доволна количина овој ензим, кој инаку го разградува шеќерот од млекото на прости јаглехидрати. Иако не претставува голема опасност, оваа појава може значително да го намали квалитетот на животот, бидејќи нетолеранцијата на лактоза бара многу грижлив избор на намирниците.

На прв поглед се чини дека проблемот лесно ќе го решите, ако престанете да консумирате млеко и млечни производи. Меѓутоа, тие намирници претставуваат главен извор на калциум и нивното неконсумирање значајно може да го зголеми ризикот за остеопороза, кршливост на коските, хипертензија и би го намалило внесувањето есенцијални нутритиенти, како што се протеини и витамин Б2.

Kонсултација со лекар

Ако сте решиле да не консумирате лактоза, знајте дека млечниот шеќер, освен во млекото, го има и во ферментираните млечни напитоци, но во помала количина. Лактозата се наоѓа и во таблетите засладувачи, лекови и суплементи, чоколади, па дури и во месните производи. Најмалку ја има во полутврдите и тврдите сирења. Млекото, кое многумина од нас сакаат да го пијат, за жал, содржи најмногу лактоза. За среќа, технологијата е толку напредната, што денеска има с` повеќе производи без лактоза, па и не мора да се откажувате од овој напиток.

По проценката на Европската управа за безбедност и храна, бројот на нетолерантните на лактоза во светот, достига и до 70 отсто, меѓутоа, мал е процентот на оние што не смеат да внесат ни најмала количина лактоза.

Пред да преземете каков било чекор, мора да се консултирате со лекар. Нетолеранцијата на лактоза се потврдува со помош на тестови што се прават веднаш по консумирањето млеко, а кои го мерат количеството водород во здивот или нивото на гликоза во крвта, а кај бебињата и помалите деца се мери Ph на изметот.

Симптомите се гледаат веднаш по оброк

Симптомите за нетолеранција на лактоза се јавуваат 15 минути до 1 час по оброкот - мачнина, подуеност, болки во стомакот, гасови, дијареа, повраќање, намалено ниво на шеќер во крвта (особено кај доенчиња и мали деца).  (М.А.М.)






#



Останати вести
И премногу овошје дебелее
Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса
Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта
80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето
Правот од коноп спречува болести на срцето
Белиот слез е нужен за пушачите
Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести