период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 19.04.2017, 16:09

ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава


Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економски раст за оваа година. Во новата економска прогноза се предвидува македонската економија годинава да оствари економски раст од 3,2 отсто што е помалку од есенската според која, растот требаше да изнесува 3,5 %. За 2018 година предвиден е раст тод 3,4 %.

Македонската економија ќе има годинава раст од 3,2 проценти, в година домашниот бруто-производ (БДП) ќе порасне 3,4 проценти, а до 2022 година растот ќе остане до најмногу 3,8 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во априлскиот извештај.

Во документот стои дека светската економија зема замав, а растот полека зајакнува, но се потенцира на нужноста од структурни реформи во земјите во развој по кризата, но и кредибилни стратегии за посилен раст и во поразвиените економии.

Македонија е во групата европски земји во развој, во која се 12 држави. Во сите нив растот во просек годинава ќе биде 3 отсто, в година 3,3 проценти, а во 2022 година 3,1 проценти. Најсилен раст во оваа група за годинава се предвидува за Романија, каде што националниот производ се очекува да порасне 4,2 отсто, а в година да забележи раст од 3,4 проценти. Албанија треба да има раст годинава од 3,7 проценти. Помал раст од проекциите за Македонија им се предвидува на Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Србија и на Турција. Посилен раст годинава ќе има Црна Гора со проектирана стапка од 3,3 проценти, а за Kосово се прогнозира стапка на раст од 3,5 проценти.  

За 2018 година ММФ предвидува највисок економски раст од 4,1 проценти да оствари Албанија, а по неа се Kосово со 3,6, БиХ и Србија со 3,5, Црна Гора со 3,4, а најмал раст ќе имаат Бугарија со 2,7 и Хрватска со 2,6.

Светска банка, пак, месецов излезе со прогноза дека македонската економија во 2017 година ќе забележи раст од 2,8 процента, а во 2018 од 3,3 отсто.

#



Останати вести
Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Убиецот од Фресно мразел белци и мислел дека е во војна
Извршната директорка на Централниот регистар на хартии од вредност поднесе оставка
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Британија, Холандија, Шведска и Ирска

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести