период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.06.2017, 13:49

ИЗВАЛКАН И ВО ПРАВ: Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра


Дебел слој прав и нечистотии има врз „мерцедесот“ кој по цена од околу 600.000 евра беше набавен од страна на владата додека на премиерската позиција беше Никола Груевски, а на чело на Министерството за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска.

Возилото денеска им беше покажано на медиумите, а главен „презентер“ на состојбата во кое се наоѓа скапиот автомобил, беше првиот човек на МВР, Оливер Спасовски.

- Она што го ветив уште како министер на техничката влада, дека ќе го направиме кога ќе се формира новата влада, е дека ќе го покажеме возилото од 600.000 евра, кое беше набавено од страна на тогашниот министер за внатрешни работи. Најмногу што боли е што полицајците во Македонија немаат униформи, а ова министерство потрошило 600.000 евра за возило - рече Спасовски.

Скапиот „мерцедес“, според тоа што можеше да се види, не бил чуван во затворен простор. Бил изложен на надворешни влијанија, а врз него се видливи остатоци и од птичји измети. Целата негова каросерија е покриена и со дебел слој прав и кал.

Сепак, внатрешноста автомобилот и натаму е во одлична козметичка состојба. Кожните седишта, ентериерот, воланот се гледа дека се од скапа изработка и се во добра состојба. На задните седишта има монитори, а целата внатрешност, како што е карактеристично за возилата од марката „мерцедес“ е со исклучително комфорна.

Премиерот Зоран Заев минатата недела рече дека нема да го користи скапиот „мерцедес“, ниту, пак ќе му служи на некој од неговите министри. Додаде и дека не е исплатливо да се продаде, зашто, според неговите калкулации, би се изгубиле околу 200.000 евра од вредноста.

Според Заев, „мерцедесот“ ќе се користи за превоз на високи гости и делегации кои ќе пристигнуваат во земјава.

#



Останати вести
ДИМИТРИЕВСКИ : Пандев во Македонија е исто што и Рамос во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР
Заев утре во Брисел ќе се сретне со Столтенберг, Могерини и Хан
Полуфинале во двојки за Ѓорческа на „Кроација Опен“
Груевски: Потврдени резултатите од нашата напорна работа, невработеноста падна на рекордно најниски 22,9%
Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“
Го нападнал и му скршил нога
Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Невработеноста во првиот квартал падна на 22,9 отсто, вработени се 734.043 лица
Бујар Османи: Приоритет ни се програмите, а не ресорите
Вавринка го исфрли Ѓоковиќ од Топ3 на АТП-листата
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Спалети нов тренер на Интер
Синди Крафорд: Теш­ко се по­ми­рив со 50. ро­ден­ден
Од новинар била одземена опрема со снимки од настаните на 27 април
Теракотни икони од 4 век од Македонија на „Религиите во големите империи“ во Оксфорд
Димитров се сретна со Кундерс во Холандија
УЕФА на 13 јуни ќе соопшти детали за влезниците на Суперкупот
Пивофест 2017 во Прилеп од 13 јули
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон: Ќе бидеме земја со најдолго породилно отсуство во регионов
Економскиот раст во првиот квартал е 0%
Kривична за струмичанецот што добивал лажни евра од Германија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Drago, 10.06.2017 14:10:15
Ne be treba da go iskrshat ,zarem pamet ke im ntezne samo napred so unishtuvanje brgu ke vi dojde kraj.E togash ke odgovarate i narodot se ke vi naplati.
Горнијо, 10.06.2017 15:38:54
Е па се знае, Грујо е крив. Требаше секој ден да го гланца и да му го предаде на Бејли. Овај, на Заев де.
razocaran, 10.06.2017 16:49:40
Се гледа дека Спасовски е голем шупелкар и шупелкар ќе остане а еве и зошто. Тоа возило е купена за пречек на предсетатели,премиери и други високи гости од странство и од безбедносни причини несмее да се појави во јавноста Сега сите фраѓани ги знаеме регистарските таблички Дали тоа е безбедно? Одговорот е не.Додека Р Македонија го немаше купено ова возило дали некој се запрашал од каде и колку чинеше изнајмувањето на безбедни возила за пречек на високи гости?Тоа шупелкарот Спасовски треба да го каже а со тоа секој малку писмен човек ќе направе рачун колку се чтеде.Купувањето на вакво возило е годрост ,безбедност и економија да не се плаќа наем на странски возила Шупелкарот Спасовки со неговиот ментор Арамијата евро за вицето да се покажат да купат нешто добро за Македонија ќе ги наградиме со аплауз но за жал досега на заслужиле ништо повеќе од едно УАА.
мрднати, 11.06.2017 00:39:48
Мрднати, па платете си 200 денара и измијте ја колата!
Спасовски и СДС со мизерија почнуваат, 11.06.2017 09:07:12
СДС си го покажува лицето. Почнуваат со прав а ке завршат во жива кал. Црна и поцрна од катран. По македонскиот идентитет ке биде црнилото. Спремајте се Македонци како да ги спречиме!
јанѕа, 11.06.2017 09:20:32
Прво, прашал ли некој колку чинат блиндираните возила. Второ, да беше Глигоров во овој убавец ќе имаше две очи а Александар ќе беше жив. Ако не се одржува, ќе треба да се набави нов. Вакво возило е потребно. Кога тоа ќе го сфатат плукачите сега откако си ја постигнаа целта да влезат во зградата на Илинденска, ќе видат и дека трошокот и не бил толку голем. Земете тоа крпите и средете го како што и личи на домаќинска куќа која дома има скап апарат.
Најнови вести