период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 10:15

Притвор за шестмината дилери на дрога

Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда

Полицијата трага по уште двајца членови на криминалната група која беше разбиена завчера во полициска акција во скопско Арачиново, во која беа уапсени шестмина членови на бандата што подолго време шверцувала кокаин, хероин и синтетички дроги.

Според неофицијални информации, базата на групата била во Арачиново каде што била складирана дрогата. Оттаму се препакувала и се препродавала во Скопје и во другите градови од земјава, а парите од шверцот на дрога биле перени на разни начини.

Полицијата до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.K. (30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По спроведената истрага утврдено е дека Д.В. од Прилеп е организатор на криминалната група, која подолг временски период е инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачјето на Прилеп и Битола.Тој создал своја мрежа на соработници, во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од Н.Х. од Арачиново и Е.З. од Синѓелиќ, кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со пари, а во неколку наврати место пари за дрогата давал автомобили и мотоцикли.

По набавката на дрогата, Д.В. истата ја предавал на М.K. од Прилеп и И.Т. од Битола, кои ја чувале и препакувале и спакуваната дрога Д.В. ја преземал и доставувал до лицата Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола, кои биле задолжени за нејзина понатамошна препродажба.

- По упатства од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР почна оперативна акција против организирана криминална група. Групата подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава. По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, надлежен јавен обвинител постапувајќи против шестмина осомничени до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка - притвор за пет лица и мерка - куќен притвор за еден од осомничените - велат од Обвинителството.

Според ОЈО, осомничените се товарат дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Kривичниот законик. На еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Kривичниот законик.

- Во исто време надлежниот јавен обвинител издаде наредби за вештачење траги од наркотична дрога, вештачење ДНK, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции. Вештачењата се во тек. Двајца од осомничените не им се достапни на органите на прогонот - стои во соопштението на обвинителството.

Во полициската акција завчера биле заопленети речиси 10 килограми марихуана, килограм хероин, над 250 грама кокаин, како и 600 таблети од различни синтетички дроги.

Уапсен брат на претседателот на СДСМ од Арачиново

Според неофицијални информации во одредени медиуми, уапсениот Н.Х. е брат на претседателот на општинската организација на СДСМ во селото. Тој бил близок и со градоначалникот на Струга, Зијадин Села.

Освен за шверц на дрога Н.Х. ќе биде пријавен и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и за перење пари и други приноси од казниво дело.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести