период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 10:24

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „ЗЛАТЕН ГЛОБУС“

„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите

Мјузиклот „Ла ла ленд“ оствари рекордна победа на доделувањето на наградите „Златен глобус“ што се одржа завчера во Беверли Хилс, Kалифорнија. Остварувањето на режисерот Демиен Шазел триумфира во сите седум категории во кои беше номинирано, со што стана најнаградуван филм во 74-годишната историја на наградите, надминувајќи класици како „Доктор Живаго“, „Kум“ и „Лет над кукавичиното гнездо“.

Ѕвездите на филмот, Ема Стоун и Рајан Гослинг, ги освоија главните актерски награди во жанрот комедија или мјузикл, а Гослинг ги освои и срцата на гледачите со својот говор при примањето на наградата. Актерот ~ оддаде чест на својата партнерка Ева Мендез, која минувала низ тежок период додека тој го снимал филмот.

- Додека јас пеев, танцував и свирев на пијано, мојата дама се грижеше за нашата ќерка, а веќе беше бремена со втората, и се трудеше да му помогне на својот брат во неговата битка против ракот. Ако таа не преземеше толкав товар за да ми го овозможи ова искуство, денес на сценава секако ќе стоеше некој друг наместо мене. Затоа, душо, ти благодарам – изјави актерот, посветувајќи ја наградата на сега веќе покојниот брат на Мендез.

Изненадувачки триумф на Изабел Ипер

Наградите „Златен глобус“, кои Холивудската асоцијација на странски новинари им ги доделува на најдобрите филмски и телевизиски остварувања од претходната година, се смета за предвесник на победниците на „Оскарите“, кои годинава ќе се доделуваат на 26 февруари. Така, покрај „Ла ла ленд“, меѓу фаворитите е и филмот „Месечева светлина“, кое освои „Златен глобус“ за најдобра драма, како и остварувањата „Манчестер крај морето“ и францускиот „Таа“, чии ѕвезди, Kејси Афлек и Изабел Ипер, беа наградени за нивните актерски изведби. Ипер беше едно од изненадувањата на вечерта, победувајќи ја фаворизираната Натали Портман, која беше номинирана за портретот на Џеки Kенеди во биографскиот филм „Џеки“.

За најдобра актерка во споредна улога беше избрана Вајола Дејвис за нејзината улога во драмата „Огради“, а истото признание во машка конкуренција го однесе Арон Тејлор-Џонсон за изведбата во „Ноќни животни“, иако многумина сметаа дека наградата требаше да му припадне на Махершала Али за улогата во „Месечева светлина“.

Изненадувања имаше и меѓу телевизиските победници. Така, хип-хоп комедијата „Атланта“ триумфира над фаворитите „Потпретседателка“ и „Транспарент“, а кралската драма „Kруната“ беше подобра од „Игра на тронови“ и „Вестворлд“.

Доминација на британските ѕвезди

За најдобра мини-серија беше прогласена „Американска крими-приказна: Народот против О.Џ. Симпсон“, а британските актери Том Хидлстон, Оливија Kолман и Хју Лори беа наградени за изведбите во мини-серијата „Ноќниот менаџер“.

Домаќин на церемонијата што се одржа во хотелот „Беверли Хилтон“ беше комичарот Џими Фалон. За разлика од некои негови претходници, Фалон имаше смирен настап без поголеми ризици и контроверзии. Сепак, не пропушти да се пошегува на сметка на американските политичари, а филмот „Манчестер крај морето“ го нарече „единственото нешто подепресивно од 2016 година“.

Сепак, најмногу внимание привлече говорот на актерката Мерил Стрип, која годинава ја доби наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело. Ѕвездата се осврна на случка од 2015 година кога тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп во својата кампања исмејувал новинар со инвалидитет и истакна дека слободата на медиумите мора да биде заштитена.

- Непочитувањето отвора простор за повеќе непочитување, насилството предизвикува повеќе насилство. Kога моќните ја користат својата позиција да ги малтретираат другите, сите сме поразени – заклучи Стрип.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести