период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 12:02

Изложила фотографии во Лос АнЏелес

Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи

Ако сте жена, веројатно барем еднаш во животот сте се сретнале со несакана слика од нечиј пенис. А ако користите онлајн-сервиси за запознавање, ова веројатно ви е секојдневна појава. Со таков проблем се справила и Американката Витни Хол, која одлучила од несаканите фотографии да направи изложба под наслов „Не го барав тоа: слики од пениси за цел живот“, која е изложена во Лос Анџелес.

- Ова не е омраза кон пенисите или кон мажите. Сакам јас добар пенис. Но, не сакам малтретирање. А оваа појава треба да почне да се гледа така, како малтретирање. Никој не ги бараше сите тие пениси - ги објаснува Бел своите мотиви за оваа несекојдневна изложба.

Додека таа го подготвувала материјалот за изложбата, се обидела на мрежите „Редит“ и „Чатролет“ да дознае што се случува во главите на мажите кога им испраќаат фотографии од своите полови органи на жени што не ги познаваат и кои сигурно не очекуваат такво нешто. Но, наместо одговор, добила уште повеќе фотографии од пениси.

- Сето тоа е малтретирање. Тоа нема врска со сексот, туку со моќта. Тие мажи сакаат да наметнат контрола. Ги возбудува тоа што знаат дека натерале некоја девојка да го погледне тоа - вели Бел.

Таа смета дека тоа не е додворување, туку изгледа како да ~ викате на жената.

- Го прават тоа затоа што можат и затоа што светот ги научил дека тоа е во ред - вели Бел, која се обидува тоа да го промени, а на девојките што ќе добијат несакана фотографија од пенис им советува: „Испратете им назад фотографија со поубав пенис“.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести