период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 11.01.2017, 16:48

ЈАНУАРСKИ ИЗВЕШТАЈ НА СВЕТСKАТА БАНKА

Македонската економија годинава ќе порасне 3,3 проценти, в година 3,7 отсто

Македонската економија ќе оствари раст од 3,3 проценти годинава, 3,7 отсто в година и до 4 проценти во 2019 година, предвидува Светската банка во најновиот јануарски извештај. Проекциите за земјава се ревидирани надолу во однос на претходните што Светската банка ги објави во јуни, и тоа 0,7 проценти за 2017 и 0,3 отсто за 2018 година. Според извештајот, во целиот Западен Балкан, регион во кој, освен Македонија, влегуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, растот годинава ќе биде 3,2 проценти, а прогнозата е непроменета во однос на јунската. На глобално ниво експертите од Светската банка очекуваат раст на вкупната економија од 2,7 процента во 2017 година.

Политичка криза

- По години разочарувачка глобална криза, гледаме охрабрувачки перспективи на хоризонтот - изјави претседателот на Светската банка, Јим Јонг Kим, презентирајќи го новиот извештај. Сепак, на македонска почва длабоката и долготрајна политика криза придонесе растот да забави од првично очекуваниот во претходните години. Во 2016 година Светската банка смета дека македонскиот домашен бруто-производ (БДП) остварил раст од два процента, кој ќе биде официјализиран кога Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците за растот на економијата и во последниот квартал. Предвидувањата на Светската банка за годинава се дека македонската економија ќе порасне 3,3 проценти, а во 2018 година се очекува раст на македонскиот БДП од 3,7 проценти. Проекциите за 2019 година се дека економијата ќе оствари раст од четири проценти. Сепак, овие очекувања се намалени во однос на јунските. Причината не се наведува во извештајот, но повод за тоа најверојатно е продолжението на политичката криза. Во однос на претходните проекции на Светската банка, за 2016 година таа е намалена 1,7 процент, а за годинава 0,7 отсто. Прогнозата за 2019 е намалена 0,3 отсто.

Западен Балкан до 3,2 проценти

Во регионот на Западен Балкан, според Светската банка, лани е остварен раст од 2,7 отсто. Проекциите за годинава се дека овие земји ќе генерираат раст од 3,2 отсто, в година 3,6 проценти, а во 2019 од 3,7 проценти. Во однос на оценките од јуни, прогнозата за годинава не е променета, а за 2018 е ревидирана надолу 0,1 процент. По земји, во Албанија растот годинава треба да биде 3,5 проценти колку што ќе порасне албанската економија и в година. Во соседна Србија се очекува раст на БДП од 2,8 процента годинава и 3,5 отсто в година. За Босна и Херцеговина проекциите се раст на БДП годинава од 3,2 проценти, а за Kосово од 3,9 отсто.

Растот во регионот на Европа и централна Азија треба да достигне 2,4 процента во 2017 година, а ќе биде воден од заздравувањето на економиите кои се извозно ориентирани и растот во Турција. Исполнувањето на прогнозата, стои во извештајот, ќе зависи од заздравувањето на цените и олеснувањето на политичката неизвесност. Во Русија е очекуван раст од 1,5 процент оваа година, а во Украина од два процента.

Александра Томиќ

#



Останати вести
НБМ ја намали основната камата втор пат за еден месец
Просечната плата во Скопје речиси 26.000 денари, во источниот регион пониска 10 илјади
Саудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари
До крајот на годината првите количини гас од наоѓалиштето „Зохр“ на Медитеранот
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести