период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 10:38

ЕВРОПА НАЈДЕ БУГАРИ ВО ПРЕСПА, ГОРА И ВО ГОЛО БРДО, АЛБАНИЈА

Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година

Откако во Стразбур завчера се прославија европратеници од Бугарија и од Грција, кои беа неуморни да поднесат 318 амандмани, главно, за бришење на зборовите поврзани со Македонија и Македонец во резолуција за напредокот на Република Македонија, вчера во Европскиот парламент беше разгледувана состојбата со напредокот во Албанија. Во дискусиите предничеле двајца бугарски европратеници, кои успеале да протуркаат барања што ги нарекуваат историски за бугарската кауза – прв пат се спомнуваат Бугарите како етничка група лоцирани во предели во кои живеат речиси сто проценти Македонци.

Во резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Албанија, европратениците инсистираат на фактот дека се „потребни напори за да се заштитат правата на малцинствата во Албанија“. Во текстот на резолуцијата е наведено дека е потребно спроведување на законодавството во оваа област. Притоа, изречно е наведено дека ЕП бара да им се гарантираат правата на лицата од бугарска етничка припадност што живеат во регионот на Преспа, Голо Брдо и Гора, и во текстовите и во практиката, елемент што е новина во резолуциите за Албанија и кој е ставен по инсистирање на бугарските европратеници.

Претходно, бугарските европратеници изјавуваа дека „во Албанија живеат 100 илјади Бугари, кои ги немаат сите права на едно признаено малцинство“. Односно, тие сакаа и успеаја да протуркаат теза дека македонското малцинство во трите посочени места е, всушност, бугарско, а јазикот што таму се говори е исто така бугарски.

Ангел Џамбаски, европратеник и потпретседател на ВМРО (од Бугарија), за агенцијата „Фокус“ вели дека „признавањето бугарска заедница во Албанија е смртоносен удар во срцето на белградско-скопската фалшлива теза дека таму и во Македонија нема Бугари“.

- Признавањето на бугарската група, на бугарското малцинство има огромно симболично значење, зашто е смртоносен удар во срцето на белградско-скопската фалшлива теза дека во Република Македонија и во Република Албанија нема Бугари, а има нешто друго – некаква измислена нација, создадена во 1945 година – вели Џамбаски за „Фокус“.

Во текстот на резолуцијата за Албанија бил вклучен и пратеникот Андреј Kовачев.

2.500 лица побарале бугарски пасоши

Ова е мал чекор, но голем за бугарската кауза, вели Џамбаски, коментирајќи ја резолуцијата. Тој смета дека сега е отворен патот да се признае бугарско малцинство во Албанија, уставен статус што сега го имаат Грците, Македонците, Србите и Црногорците.

Според Џамбаски, во последно време во Албанија се отворени бугарски организации и културно-образовни друштва.

- Само лани 2.500 лица побарале бугарско државјанство врз основа на своето потекло, а немаше никаква причина да не го добијат – додава тој, кој објаснува дека битката да ги протнат своите амандмани била тешка зашто „скопските раце“ се обидувале да го спречат тоа, но безуспешно.

Едмонд Темелко: Реалноста е дека ние сме Македонци

Kрајно неприфатливи за сите Македонци во Албанија се тврдењата на бугарските европратеници дека во Албанија живеат Бугари и оти тие треба да се заштитат, реагира вчера партијата на Македонците во Албанија.

- Овие барања се нелогични и нереални тврдења на Република Бугарија за некакви си Бугари во Република Албанија. Тоа се потврдува и на терен и со контакти со самите жители, онаму каде што живеат Македонци во цела Албанија истото го зборуваат дека ова има политичка заднина. Реалноста е дека ние сме Македонци, такви сме биле и такви ќе останеме без разлика на тврдењето и барањето на некојси таму пратеник во ЕП на Република Бугарија - изјави Едмонд Темелко, претседателот на партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

Според Темелко, и во Албанија има случаи на земање бугарско државјанство и пасош, како што се прави во околните земји на Бугарија, кои не се членки на Европската Унија, но државјанството е од други мотиви и нема врска со етничката припадност.

- Тоа не значи дека ако тие бараат за економска егзистенција бугарски пасош, нема врска со нивното потекло. И самите жители Македонци што имаат поднесено за бугарско државјанство, тоа го тврдат - дека никогаш немале Бугари во своите фамилии и никогаш не се чувствувале Бугари, туку Македонци - вели Темелко.

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести