период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 20.03.2017, 16:00

Директор со условна казна бидејќи дозволил во Богомила да се пие загадена вода

Директорот на Комуналното претпријатие од Чашка е осуден оти на жителите на Богомила им испорачал загадена вода за пиење.

Ѓоре Здравковски (44) од Чашка и Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Тополка“ - Чашка се прогласени за виновни за кривичното дело загрозување на животната средина и природа.

Здравковски доби условна казна затвор од три месеци, ако во следната година стори ново кривично дело, додека јавното претпријатие е парично казнето со 100 илјади денари.

Според обвинението, во периодот од 4 март 2013 до 10 мај 2016 година, 32 пати на жителите на село Богомила им испорачале неквалитетна и небезбедна вода за пиење, во која имало присуство на ешерихија коли, колиформни бактерии, отсуство на резидуален хлор или негово присуство над дозволениот максимум.

И директорот и претпријатието, според пресудата, пропуштиле преземање мерки за спречување на загадувањето на водата за пиење, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето и не презеле итни мерки за отстранување на загадувањето на водата. Тие, исто така, не ги известиле граѓаните во рок од 24 часа дека водата е загадена.

#



Останати вести
Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола
„Молотов коктел“ фрлен во кафуле во Тетово
Загина тракторист во Kумановско
Главниот осомничен од акцијата во Арачиново се јави како бегалец во Телевизија 24

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести