период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 19.05.2017, 14:03

АРХЕОЛОГОТ ВИKТОР ЛИЛЧИЌ ЗА НОВИТЕ НАОДИ KАЈ БИТОЛА

Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја

Новото руво кое на античкиот локалитет кај Битола му го дадоа систематските археолошки истражувања, облагородено со илјадници нови наоди откопани од историјата, е преточено во нова и значајна монографија „Хераклеја Линкестис истражувања 2008-2014“. Публикацијата вчера и официјално беше промовирана, а автори се битолските археолози Аница Ѓоргиевска и Енгин Насух, всушност оние најзаслужните за излегувањето на виделина на многубројни движни и недвижни артефакти во овој град. Во неа на 224 страници детално се опишани наодите при седумгодишните истражувања со што се надополни личната карта на античкиот град Хераклеја Линкестис. Во монографијата се објавени многубројни значајни податоци и околу 330 фотографии во 132 каталошки единици.

Од тука епископот Евагриус заминал на црковниот собор во Сардика


Со ова дело се доцртуваат празнините за изгледот на Хераклеја во однос на недвижните наоди кои постоеја пред ископувањата. Во книгата детално се опишани и поткрепени со фотозаписи објектите што беа ископани: Базиликата Е, која се смета дека е најстарата во Хераклеја, раскошен мозаик, импозантен гимназион, римски бедем со кружна кула и друго.

- Покрај другото, открија и досега непозната разнохристијанска базилика што уште повеќе го зголемува значењето на ова големо епископско седиште. Тоа е Базиликата Е непосредно до западниот влез во постариот антички театар. Оваа базилика уште повеќе го истакнува значењето на ранохристијанскиот црковен епископски центар од кој во 347 година замина хераклејскиот епископ Евагриус на црковниот собор во Сардика. Објектите што ги открија и широкиот дијапазон на движни предмети датираат од градот и респектабилниот епископски ранохристијански центар Хераклеја што цутел низ римскиот царски период, па и во средниот век од 7 до 9 век - рече Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Тој истакна дека во рамки на истражувањата беа откриени и монети на Александар Трети Македонски Kасандар, репертор, впрочем ист како оној од македонската воено-стратегиска база на Kулиште кај Свети Еразмо од Охрид.

- Верувам дека во 335 година пред нашата ера Александар Трети јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон од акрополата на Хераклеја - рече Лилчиќ.

Филип Петти го основал градот во подножјето на воениот логор


Судејќи според другите движни наоди, се верува дека македонскиот крал Филип Петти го основал цивилниот град во подножјето на некогашниот воен логор Хераклеја. Но, како што истакна Лилчиќ потребни се уште време и средства за да се открие целосно обемот на Филиповата цивилна населба Хераклеја.

Систематските истражувања чиј плод е оваа монографија траеја седум години, а за нив беа потрошени 35 милиони денари, ангажирани близу 500 луѓе. Беа ископани 3.000 квадратни метри и 11.000 кубни метри земјен превоз врз 8.000 археолошки историски вистини на Хераклеја.

- Истражувањата во Хераклеја продолжуваат в година, а се надевам и следните. Се продолжува на сегменти кои досега не се истражени. Сега во моментот сме концентрирани на театарскиот плоштад, оваа година со финансиска помош на Министерството за култура. Хераклеја бил сепак доволно голем град, седумгодишните истражувања дадоа големи резултати, но остана уште многу за работа - рече археологот Енгин Насух.

Нова музејска поставка во Хераклеја

Наодите од истражувањата во Хераклеја за пошироката јавност и туристите ќе бидат презентирани преку постојана музејска поставка во овој антички град.

- Горди сме на ова. Kога еден археолог-истражувач истражува некоја површина, негова основна цел е да направи солидна документација, втората работа е да се презентираат предметите што се истражуваат пред пошироката јавност и третата задача која е најважна е сето тоа да се стави на хартија. Не застануваме тука. Во моментот изработуваме концепт за постојана музејска поставка во Хераклеја. Градот Битола ќе има уште еден музеј каде што со гордост ќе можеме да ја покажуваме нашата историја пред сите туристи - рече археологот Аница Ѓоргиевска.

Жанета Здравковска

#



Останати вести
Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви
Новиот македонски филм за тројца бездомници премиерно во театарот „Џинот“
Графичкото мајсторство на светски познатиот скулптор Иван Мештровиќ за „Европската ноќ на музеите“
Прекинат филм на Канскиот фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести