период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 20.03.2017, 14:31

"Свонс" повторно во Скопје



Култниот американски состав "Свонс", в петок повторно ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје. За разлика од настапот од пред две години, кој беше во рамките на 40-то издание на меѓународниот театарски фестивал МОТ, овој пат групата ќе одржи солистички концерт.

Настапот во Скопје е дел од нивната актуелна турнеја, со која групата го промовира своето последно албумско издание "The Glowing Man". Исто така "Свонс" овој пат доаѓа со својата комплетна сценска и аудиоопрема, што е доволен предизвик за сите почитувачи на добриот звук. Билетите за концертот чинат 500 денари и може да се набават на касата на МКЦ и преку продажната мрежа на "Мктикетс".

Реномираниот артрок-проект "Свонс" кон крајот на минатата деценија предизвика дубиозни реакции меѓу повеќето познавачи на ликот и делото на хиперборецот Мајкл Џира, со трилогијата албуми, која почна со неверојатниот "My Father Will Guide Me". Во 2010 година, јасно и недвосмислено покажа дека најновата инкарнација на бендот претставува прочистен сублимат на целокупното негово постоење.

Раѓањето на бендот во 1982 година беше мошне драматично. "Свонс" успеа да се скара со својата родилка, суперплодната њујоршка андерграунд-сцена од крајот на 1970-тите, односно почетокот на 1980-тите и да го изеде својот помал брат близнак, краткорочниот проект "Кртис морт", оддавајќи им почит со само едно нормално максисингл-издание во музичка смисла. По ова почетно социјализирање, па с? до денес, се чини дека единствениот постојан и врвен императив при градењето на идентитетот на "Свонс" е да се оправда злогласната дихотомија на лебедите како преубави суштества со комплициран карактер.

По низата соработки со врвни музичари во низа проекти и соло-настапи, Џира решава да го затвори кругот воскреснувајќи го препознатливиот монолитен, бескомпромисен звук на "Свонс" со веќе споменатиот "My Father". Албумите, "The Seer" од 2012 година и "To Be Kind" од 2014 година, се несомнен триумф во намерата да се транспонира ритуалната еуфорија при концертната манифестација на култниот феномен "Свонс", која сама по себе претставува можност за фундаментално трансформативно искуство.

#



Останати вести
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Мистер Бин е жив
Почина легендарниот музичар Чак Бери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести