период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.04.2017, 17:59

ВМРО-ДПМНЕ ДО ЕДИ РАМА

Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама дека целосно ја прифатиле тиранската платформа и го осудува неговото, како што велат, континуирано мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

– Целосна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатило тиранската платформа. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ниту некогаш преговараше, ниту се согласи со тиранската платформа. Очигледно е дека Еди Рама со пласирање на ваквите лаги сака да ја релативизира опасноста од тиранската платформа и сака да отвори простор неговиот истомисленик Зоран Заев да ја реализира што поскоро, се вели во демантот од ВМРО-ДПМНЕ.

Албанскиот премиер, се додава, освен што се меша во внатрешните работи на Република Македонија, со своите последни изјави за сојузи на балкански држави предизвикува и подгрева поширока дестабилизација на Балканот и ги повампирува идеите за големи држави, што е директно спротивно на европската перспектива на земјите од овој дел од Европа.

– Еди Рама е човекот кој срамно и недолично во интервјуа ги навредува Македонците нарекувајќи ги славомакедонци. Еди Рама е човекот кој постојано ги подгрева страстите во земјава изјавувајќи дека имало 35 отто Албанци, а при тоа го негира мултиетничкиот карактер на државата. Тој е подготвен на се во пресрет на домашните избори што го очекуваат не водејќи сметка веќе ниту што зборува, ниту каква штета прави за регионот и добрососедството со својата националистичка и ксенофобична реторика, се посочува во демантот од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека изјавите на Рама се спротивни на европските вредности и принципите на неменување на границите и градење партнерски односи помеѓу балканските земји.

#



Останати вести
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Mешање на странски држави и ерозија на државноста
Еди Рама ќе прави голема Албанија - НАТО и ЕУ ни да писнат
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Неопходно е единство и формирање на институциите
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести