период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 09.06.2017, 21:50

ПОСЛЕДНИ ЕФЕКТИ ОД МЕРКИТЕ НА СТАРАТА ВЛАДА?

Невработеноста во првиот квартал падна на 22,9 отсто, вработени се 734.043 лица

Стапката на невработеност во земјава падна на најниско ниво досега и во првиот квартал од годинава изнесува 22,9 отсто.

Државниот завод за статистика вчера објави дека во првото тримесечје од 2016 година активното население во Македонија брои 952.644 лица, од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,7 проценти, стапката на вработеност е 43,7 проценти, а стапката на невработеност изнесува 22,9 процента.

Најголема невработеноста кај младите

Податоците покажуваат дека невработеноста во земјава паднала на најниско ниво од осамостојувањето досега оти во речиси целиот период на самостојност стапката на невработеност во земјава рушела рекорди и се движела над 30 отсто.

Анализата на податоците на Статистика покажува дека стапката на невработеност во првиот квартал од годинава била за 1,6 процентен поен пониска отколку во истото тримесечје од 2016 година, а 0,8 отсто пониска во однос на просекот од минатата година.

Според бројките, во првиот квартал годинава, невработени се 218.601 граѓани или за 12.785 лица помалку од истиот период од 2016 година, а вработени се 734.043 лица или 19.608 лица повеќе отколку во истиот квартал лани.

Податоците на Државниот завод покажуваат дека процентуално поголем е бројот на невработени мажи отколку жени. Или и 61,5 проценти се мажи, а жени 38,5 проценти. Бројките велат и дека младите се најчесто на удар на невработеноста. Според возраста, најголема е стапката на невработеност кај младите лица од 15 до 24 години и изнесува 44,4 проценти, а по нив следуваат лица меѓу 25 и 49 години со 22,4 проценти невработени. Дури 44,4 проценти е стапката на невработеност на младите. Најмногу невработени лица се со средно четиригодишно образование - 102.094, со основно се 48.921 од невработените, а со високо образование се дури 43.612 лица. Статистиката покажува дека најмногу вработува преработувачката индустрија 138.416 лица, земјоделскиот сектор 120.894 лица и трговијата 113.511 лица.

Грција и Шпанија со најголема невработеност во Европа

Податоците на Европското статистичко биро „Евростат“ покажуваат дека и на европска почва, иако во најголем дел до земјите стапката е под 10 отсто, сепак има земји како Грција, Шпанија, Хрватска, Kипар каде невработеноста е двоцифрена. Така, во првиот кваратал од годинава Грција руши рекорди со стапка од 22,8 отсто, а во Шпанија е измерена стапка на невработеност од 18,2 отсто, додека во Хрватска е 11,6 отсто, а во Kипар 12,6 отсто. Од земјите во соседството, пак, Kосово руши рекорди со стапка на невработеност од 27,5 отсто за 2016 година, а Србија има 14,6 проценти невработеност во првиот кваратал, додека годината ја заврши со стапка на невработеност од 15,3 отсто. Статистиката покажува дека трендот на намалување на стапката на невработеност е присутен речиси во сите европски земји.

Александра Филиповска

#



Останати вести
ДИМИТРИЕВСКИ : Пандев во Македонија е исто што и Рамос во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР
Заев утре во Брисел ќе се сретне со Столтенберг, Могерини и Хан
Полуфинале во двојки за Ѓорческа на „Кроација Опен“
Груевски: Потврдени резултатите од нашата напорна работа, невработеноста падна на рекордно најниски 22,9%
Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“
ИЗВАЛКАН И ВО ПРАВ: Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра
Го нападнал и му скршил нога
Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Бујар Османи: Приоритет ни се програмите, а не ресорите
Вавринка го исфрли Ѓоковиќ од Топ3 на АТП-листата
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Спалети нов тренер на Интер
Синди Крафорд: Теш­ко се по­ми­рив со 50. ро­ден­ден
Од новинар била одземена опрема со снимки од настаните на 27 април
Теракотни икони од 4 век од Македонија на „Религиите во големите империи“ во Оксфорд
Димитров се сретна со Кундерс во Холандија
УЕФА на 13 јуни ќе соопшти детали за влезниците на Суперкупот
Пивофест 2017 во Прилеп од 13 јули
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон: Ќе бидеме земја со најдолго породилно отсуство во регионов
Економскиот раст во првиот квартал е 0%
Kривична за струмичанецот што добивал лажни евра од Германија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести