период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.03.2017, 16:10

КОМЕНТАР

Субвенции за оживување на селата

Македонија изобилува со природни убавини и културно историски споменици што се предуслов за развој на руралниот туризам. Живописните селски населби, етноресторани познати по добра храна, високите планински масиви, реките и чистиот воздух се во фокусот на модерниот турист. Голема предност е малата површина на земјава поради што кое било село е блиску до главниот град Скопје и до аеродромот. Сепак, селскиот туризам с` уште останува подрачје со висок потенцијал што допрва треба да се искористи.

Селскиот туризам го преферираат луѓето што живеат во урбани средини и сакаат со одмор на село да се ослободат од стресот. Овие туристи бараат тишина, чист воздух, традиционална храна, природни убавини, а кога станува збор за странци, вообичаено тоа се гости со подлабок џеб подготвени добро да платат за некое ново искуство со кое ќе ги обноват батериите од секојдневните напори. Познати се искуствата со Холанѓаните, кои со децении доаѓаат во Охрид и оставаат евра за да јаваат магариња, да пробаат макало, да вкусат ѓомлезе или питулици.

Навистина, руралниот развој заживеа последниве години, но уште многу треба да се направи за селата да доживеат подем и да станат атрактивни и економско исплатлива туристичка дестинации. Добра страна е што во земјава нема села што немаат електрична енергија или пристоен пат, сите тие се барем до тој степен развиени. Треба само да се надгради постојната инфраструктура и да се крене на едно ново, повисоко ниво. Појдовна основа е тоа што во речиси секое село има напуштени задружни домови и празни училишта кои можат да се преуредат и искористат за сместување на гостите. Сепак, ретко кој се одлучува да инвестира. Причините за тоа, се многубројни, од недостиг на почетен капитал, недоволна информираност за потенцијалот на руралниот туризам, па и поради страв од новото или неуспех, односно недоволна доверба во себе.

Оттаму, на жителите на селата со потенцијал за рурален туризам им е неопходна сета потребна едукација, а и финансиска помош од државата за да почнат да ги користат можностите за развој што им ги дава недопрената природа.

Во таа насока, добредојден е јавниот повик за субвенција на трошоците за адаптација и за уредување на селските куќи кои потоа би се користеле за туристички цели. Селските домаќинства кои ќе сакаат да почнат да се занимаваат со угостителска дејност ќе може да добијат од државата поврат на 60 отсто од докажаните трошоци за преправка на куќите, но не повеќе од 200.000 денари, или 3.000 евра, по домаќинство.

Една ваква мерка, доследно спроведена, не само што ќе се подобри туристичката понуда на земјава, туку ќе поттикне отворање нови работни места во многу селски средини, а со тоа ќе се подобри стандардот на месното население. Само со проекти поставени на здрави економски нозе, а не со непланско истурање пари, ќе успееме многу села да ги префрлиме од списокот со неразвиени и сиромашни населени места кај просперитетните и успешните.

Марјан БЛАЖЕВСКИ

#



Останати вести
Важноста на балканскиот крстопат
За унитарноста и јазикот не се преговара
Хроничната болка на СДСМ кај македонските гласачи
Деца во челуста на кучиња

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Mk-idnina, 20.03.2017 03:50:25
Mnogu rano se osvestilo gradskoto naselenie deka i selata vo MK se od golemo znacenje.Poglednete gi selata vo Slovenija i zapadnite zemji! #Ruralni turizam#Kade:Mak.sela,kade sto skoro nema ludje,(osvem nemocni izmosteni stari lica)koi zivejat vo raspadnati kuci, bez vodovodi,struja,patista i t.n.Selskoto naselenie pred nekolku decenii se preseli vo pogolemite gradovi i nikoj ne se vraca na selo da investira.Rezultati od gorenavedenoto nema da ima-posto vo Mak.sela nema dovolno infrastrukturi,a mladite generacii nemaat nikakov interes da se presuluvaat(investirat)od grad vo selo.Toa e realnosta!
Најнови вести