период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 01.03.2016, 22:54

ПРВ ДЕН ВKРСТУВАЊЕ ВО ДИK

Околу 90.000 Албанци се иселиле од државава, ама не пријавиле во МВР?

Нешто над 100 илјади полнолетни граѓани, државјани на РМ, кои се во базата на МВР ги нема во базите на другите 10 институции што ги споредува Државната изборна комисија, дознава „Дневник“ неофицијално од извори во ДИK.

Првичните информации говорат дека не се работи за фантомски гласачи, туку за македонски државјани со валидни адреси, но кои ги нема во актуелните бази со кои располагаат домашните институции последните неколку години. Ова практично значи дека во последните години не се евидентираат како невработени, немаат имот на свое име, не се пријавени во Фондот за здравствена заштита или пак, во пензиските фондови.

Најмногу од овие државјани, речиси 90 отсто, се заведени во општините Гостивар, Струга, Тетово, Kуманово, Теарце, Врапчиште, Чаир, Боговиње, Липково, Желино... Според етничката структура, од државјаните што ги немало во првичните бази во институциите, нешто под 90 илјади се Албанци, а преостанатите се Македонци и други.

Гостивар и Струга со најмногу иселени?

Од друга страна, изворите од ДИK предупредуваат дека овие бројки с` уште се многу базични и дека се работи само за првично, површинско вкрстување и оти следува длабинска проверка со историските бази на овие институции, па се очекува оваа бројка на македонски државјани што имаат адреси според МВР, ама ги нема во другите бази да се менува.

Според нашите информации, најголем број на вакви државјани има во Гостивар и тоа околу 10.000, следуваат Струга и Тетово со по 7.500, Kуманово – 4.500, Врапчиште 3.800, Боговиње со 3.400, Чаир - 3.000, Липково со нешто помалку од 3.000...

Според првичните анализи, веројатно се работи за луѓе што се иселени од државата пред неколку години, но кои не го пријавиле своето заминување во странство на повеќе од една година или од одредени причини или лоша евиденција излегува дека не соработувале со македонските институции.

Дека се работи најверојатно за иселени лица говори и излезеноста во овие општини на последните изборни циклуси. Во овие општини, кои се со доминантно албанско население, таа се движи околу 45 отсто, што е за дури 15 отсто помалку од државниот просек на излезеноста, кој се движи од 60 до 65 отсто. На пример, на изборите во 2014 година на ниво на државата излезеноста беше 62,96 отсто. Во Гостивар на овие избори имало излезеност од 48,81 отсто, во Тетово 66,73 отсто, во Струга 47,57 отсто, во Врапчиште 42,49 отсто, во Боговиње 43,87 отсто... Од друга страна, на пример во Берово излезноста била 77,47 проценти, во Kочани 66,51 отсто, во Kрива Паланка 77,26 отсто, во Градско 72,81 отсто, во Струмица 72,57 отсто, во Гевгелија 80,46 отсто, во Битола 68,61 отсто итн.

Повеќекратни споредби

Kако што е познато, ДИK, откако ги доби главните бази на МВР со список за државјани, и базите на 10 други институции, почна со вкрстување на податоците со цел да го прочисти Избирачкиот список. Во овој процес се споредуваат податоците од Министерството за внатрешни работи со оние на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за водење матични книги, Министерството за земјоделство, Министерството за труд и социјална политика, Централниот регистар на Република Македонија, Народната банка и Управата за јавни приходи.

При тоа не се прави само едно вкрстување односно се прави вкрстување на базите на МВР со другите институции кои се актуелни, т.е. кои се водат последните неколку години. Потоа ќе се прави проверка со постарите, односно т.н. „историски“ бази, кои ги поседуваат 10-те институции за да се види од кога последен пат овие државјани евидентираат за некаква работа во институциите. Овие државјани нема да бидат избришани од Избирачкиот список, туку теренски ќе бидат проверени и ако се потврди дека се иселени, според изворите од ДИK, ќе бидат префрлени на списокот од дијаспората.
(Р.Д.)

#



Останати вести
Не сум добил никаква покана за судското рочиште за „Пуч’
Нарачал брендиран часовник на интернет, добил пријава за увоз на фалсификувана стока
Одложен „Пуч“ по барање на СЈО
(ВИДЕО) Касидиарис од Златна зора избрка новинарка од Би-Би-Си бидејќи рекла Македонија
Во кампот сите се нервозни и се пред експлозија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
интересно, 01.03.2016 23:15:08
има над 100 илјади потенцијални кандидати за теренска проверка.
rade, 01.03.2016 23:52:28
po ukinuvanje na vizniot rezim albancite masovno nagrnaa kon zapad nekoi legalno nekoi na crno rabotat po eu videte samo avionite za zapad s eprepolni so albanci od 20-40godini takvo nesto nemam zabelezano 40 godini,moja procenka e ne 100 tuku 200ilj sto se gleda i po sela,gradovi prazni kuci so spusteni roletni bez svetlo...sto znaci se pod 20% vo mk i ramkovniot treba da se ukine.
строиник, 02.03.2016 00:20:47
А колку од нив и никогаш или 90% од својот живот не живееле во Македонија, а добиле државјанства само ради изборите во 90-те, ради попис итн. дали се тие дел од оние 150 илјади
cire, 02.03.2016 00:50:51
Se dodeka ne se glasa so otpecatok od prst, nema da ima fer izbori vo struga I site ovie iselenive ke glasaat. Taka da apel do drzavata da bide drzava!
Angel, 02.03.2016 07:46:21
Normalno koga ke se prefrlaat vo spisokot na dijasporata,tie ke nemaat pravo na glasanje..
Bravo, 02.03.2016 08:01:19
Zabrana za vrakande nazat i odzemanje drzavjanstvo.
mile, 02.03.2016 08:33:38
Dobro utro MEDJUNARODNA, Lagata e kako silo.A sega sto pravime . Da ne bide 15% Dajte i gi na medjunarodnata da gi vkrsti podatocite,moze da ima i 33,33% So pocit,
Tortoshi, 02.03.2016 08:45:58
Haha, pa tia ne sa prijaveni niti koga doshlle. Kako doshlle, taka oshlle..
Kole, 02.03.2016 09:21:33
I nie so zivejme nekolku godini stranstvo a 5 juni ke sme MK demek nema da mozime da glasame? Pa na ista adresa vo mk sum cel zivot i demek deka nemam osiguranje sega i ne baram rabota tamu ke ni se uskrati pravoto za glas? Ama demokratska zemja ja naprajvte alav vera
Итар Пејо, 02.03.2016 09:49:55
90000 албанци се иселиле а ниеден македонец. Доказ ли е ова дека албанците се угнетени во Македоња па мораат да се иселуваат ?
02.03.2016, 02.03.2016 10:12:34
Можеби е време да се подразмисли за промена на законот за државјанство. Со укинување на одредбите со кои се дозволува двојно и тројно државјанство могу проблеми би се разрешиле сами од себе. Ако е точна ова информација тогаш иселените Македонци од албанско етничко потекло би требало да се барат и во творбите на ЕУСА и НАТО како што се ИДИЛ Ал-нусра и слични каде многумина од нив најдоа засплниште. Што пак значи дека веројатно нема никогаш да се вратат. Ако нека видиме и ние нешто добро од ЕУСА и НАТО.
до пеота, 02.03.2016 10:32:28
Кутар Пајо, пусти, еднаш море да напишеше нешчо арно за својте, а?
Mene, 02.03.2016 10:45:07
Neznam shto Se cudite, svetot ima masovna iseluvanje razmislite kolku luge od evropa imat zaminato vo Amerika, Kannada I avstralija ito luge od zapadni zemij kamoli od balkanot, albancite vo Makedonija kako malcinstvo vo daden period Se Seleja vo Makedonija poradi shto nemaa izlez a sega imaat shanca da ziveeat vo evropa ili Amerika, Kannada I avstralija zoshto bi ostanale vo Makedonija Ne imaat perspektiva iako nivnite politicari Cesto pati Gi Turkaat vo politicki krizi I valkani roboti za politicki korist.
Најнови вести