период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 20.04.2017, 18:12

Бисерите на македонската кинематографија на Video on Demand

„Македонска крвава свадба“, „Мис Стон“, „Солунските атентатори“, „Тетовирање“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“ се само дел од македонските филмови достапни на онлајн-платформата Cinesquare.net, која од денеска е достапна во 13 балкански земји. Платформата беше промовирана вчера со холандската детска комедија „Малиот гангстер“, која истовремено почна да се прикажува и во десетици киносали во Македонија, Хрватска и Албанија. Македонија е носител на меѓународен проект за кино и онлајн-дистрибуција на филмот, синхронизиран на македонски, хрватски и албански јазик.

Kомпанијата „Kатавеј“ доби поддршка од програмата МЕДИА во делот за онлајн-дистрибуција. Агенцијата за филм го поддржува овој проект кој ќе обедини три држави во кои во исто време ќе има прикажување на европски детски филм синхронизиран на три јазици, во кино и на платформа.

- Оваа платформа ќе биде промовирана и во рамките на македонскиот ден на штандот на Југоисточна Европа во рамките на Филмскиот фестивал во Kан - рече вчера Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорката на Агенцијата за филм.

Менаџерот на дистрибутерската куќа „Kатавеј“ и иницијатор на проектот Дејан Трајкоски информира дека платформата Cinesquare.net ќе биде достапна во 13 балкански земји.

- Video on Demand е еден вид видеобиблиотека. Голем дел од македонските филмови ќе бидат достапни во секој момент, со висок квалитет. За едно евро ќе може да се гледа долгометражен филм. Во иднина филмовите на „Јутјуб“ ќе ги нема - рече Трајкоски.

Тој нагласи дека филмот „Малиот гангстер“ ќе може да го погледнат повеќе илјади деца во една недела. Тој очекува да се собори рекордот на гледаност на еден филм во период од една недела во 22 града во земјава.

#



Останати вести
Овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ на фестивалот МИТЕМ во Будимпешта
Стихозбирка, изложба и премиера „Во чест на поетот“ во Штип
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести