период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 16.02.2017, 16:13

колумна

А ако народот ве испучира сите на клоци!

Баш прочитав дека Република Македонија влегла во нова тура заложништво. Многу зачести бе ова. Овој пат ја киднапирал Еди Рама со „платформата“. Штосно испадна ова заебавање со Македонците. Kиднаперите до пладне киднапираат и се закануваат, а од пладне глумат демократи и легалисти, ем преговарачи. Паралелно, вообичаено за ваквите сценарија на ЦИА, се појавија и предлозите за укинување на државата на Македонците на Атлантскиот полуостров и од САД и од Обединетото Kралство. Фантастичниот ЕУ-парламент во меѓувреме ќе гласа резолуција за Македонија во која амандмански интервенираа нашите два омилени соседи Бугарија и Грција едно 318 пати. Главно бараат да не пребришат. Што би рекла онаа шмизла, фашисоросоидна Могерини, цивилизирано европски до коска. Плус, како дополнителна заебанција, во резолуцијата ни се забележува дека двапати сме ги одложувале изборите. Оти од кај да знае европратеникот дека одложувањето го притискаа нивниот амбасадор во Македонија, Аиво Орав, еврокомесарите и нивните колеги, а на „замолница“ на американскиот им газда. А нашиве претставители не ги информираат. И така имате вградена „фејк њуз“ во европски „докуменат“.

Што прави технички официјалната држава РМ на ваква организирана канонада, односно, организиран жесток напад против неа? Мрсомуди низ заби, шепоти за никој да не ја чуе. Чека Господ да и помогне. Очекува ѓубрево само да се исчисти за потоа сите топтан да тргнат во докажување со двајца сведоци дека не биле ебани, туку стрелани. Што сигурно ќе го констатира и македонската историска наука, а ќе се рефлектира на музејската историска поставка.

Има ли Македонија влада во моментов? Што прави премиерот, забравам му името, Димитриев? А оној Никола Поповски сосе МНР-то во кое врие од неспособни и неталентирани кариеристи кои главно времето го минуваат во чешање јајца и меѓусебно оговарање. Што прави Ме Ве Ре-то? До каде стигнавме со десоросоизацијата? Законот што го вети Груевски, го нема како тема никаде. Вакуумот го пополнува ад хок здружение на граѓани со писма и информации за тоа како одекнале тие писма во американските медиуми. Оти овде дома од државните институции, ништо не одекнува како конкретен зафат и предлог. Па затоа и прашувам: Ај што немаме влада, немаме, ама останатите институции кои се грижат за поредок, ред, закон, за безбедност, уставност, работат нешто или и тие чешаат мадиња? Или и законите се суспендирани како и Уставот?

Доста бре веќе н` отекувате со глупи вести дека соросоидите биле фатени на дело како договараат активности против Македонија. Kолку што јас разбирам, кога ќе те фатат на дело во криминал, прељуба, убиство, си има утврдена процедура и разрешница. Во наш случај такво нешто нема. Па, морам да прашам дали уште е на снага Kасиус Kлеј тактиката на Груевски, брмчам како оса околу непријателот, го изморувам, го шашардисувам и оп, во 11. рунда со еден убод го елиминирам? Под услов да е алергичен. Со оглед на досегашниот учинок на оваа „државотворна“ боксерска досетка, се ми се чини дека целта на водачот на ВМРО-ДПМНЕ е да ја нокаутира публиката, а не противникот. Албанските политичари по диктат на бившиот директор на ЦИА напишаа платформа за голема Албанија како претекст за нова војна на Балканот, која, откако ќе почне, ќе ја менаџира мирољубивото НАТО и ќе заврши како нова балканска мировна конференција. На неа традиционално веќе два века мезе ќе бидат Македонија и Македонците. На зелена маса ќе седи Зоран Заев со Рада и Милчин. Е, ама Антонио Милошоски уште си мисли дека етничките платформи биле штетни. Да, ама ако тргнале да се штанцаат во соседството со евро-атлантска фашистичка помош, треба да си ептен акнат во главата и да не оставиш и ти како избрана жртва за отстрел макар пишан траг за по сто години некој да констатира дека си бил жив. За да те констатира како актер во историскиот наратив. Оти од Берлинскиот конгрес, преку Сан Стефано, Букурешт и Версај, секаде стои забелешка дека отсуството на македонската страна било заради нејзината неорганизираност.

Ало, господо политичари, скурдепсајте се веднаш! Дејствувајте одважно и решително. Не н` пимплајте со изборите. Закажете ги за да не ви ги закаже народот па да се изненадите. Не барајте изговори, не се кријте зад објективни околности и субјективни слабости. Од тоа што по ваша скудна памет имавме само еден избор, сега заради вас немаме никаков. Сакаш или не, ќе мора народот да изврши државен удар за да си ја земе државата во свои раце. Што е? Радикално ви се чини или невозможно? Kонсултирајте ја историјата на светот. Оти Ѓорѓе Иванов не можел по Устав да прогласи вонредна состојба која не е природна, ами е политичка катастрофа!? Заев со Сорос веќе изведе платеничко-агентурски пуч без консултација на Уставот. Чак што више, ги прогласи за вонуставни и уставниот суд и Уставот и институциите и законите. И уште не е во доживотен бајбок. Сега платформистите на Рама н` држат како свои заложници со нов терористички блиц криг. Нема друго освен самите да излеземе од септичкава јама. Одма! Оти додека го чекаме Груевски со ВМРО движењето да разбере дека да бидеш опремен како Си-ен-ен одамна не е комплимент за ниту една телевизиска куќа, ами колосална навреда за професионалното новинарство додека го чекаме Поповски да заборави на политички коректниот новоговор во услови на крајно некоректни, непристојни и вулгарни дејства против државата која ја претставува надвор од нејзините граници, додека чекаме оставка на Зоран Јолевски по информацијата дека омилениот му републикански сенатор Џон Мекејн е соросоид кој добива пари од овој монструм, ќе отиде и овој историски момент бестрага.

Бидејќи дојдовме до тука ВМРО-ДПМНЕ да биде единствената македонска политичка партија која ги застапува етничките интереси на Македонците, еве ви неколку предлози за платформа. Итно да се донесе документ за нашите колективни национални барања и замена на дефанзивната државна политика и тактики со офанзивна. Целта е да бидеме сфатени сериозно и со уважување, а не како неспособни мивки. Нема преговори со никого за името на државата и идентификацијата на мнозинскиот народ. Нема предлози и референдум за нив. Октроираниот устав донесен под принуда и со странска интервенција во 2002 година, не важи. По одржување на пописот и по изведен референдум, се враќа преамбулата на пучираниот Устав. Со амандман се враќа избришаниот член 15 од Уставот од 1992 со што се озаконува грижата за македонските малцинства во соседните држави. Се отвораат постапки за истражување на злосторите против македонскиот народ и се активираат резолуции за осуда на геноцидните дејства, егзодусот, масовните гробници по изведени колежи и се бара осуда, извинување и обесштетување од Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Kосово, Велика Британија, САД, Италија. Се нагласува неопходноста, РМ да си ја организира самоодбраната на нејзината територија и суверенитет преку прогласување воена состојба, а во случај на поединечно или здружено непријателско дејство од соседите. Организација на цивилната самоодбрана и едукација на населението како што се озваничи во низа европски држави. Со устав и закони се доработува делот кој сега пафта како недоречен и непрецизиран, а се однесува на дела како велепредавство, капитулација, организирање индустрија на преврати и револуции спонзорирани од странство. Тоа значи сет законски одредби засновани на недвосмислени уставни начела кои се однесуваат на државјанството (негово стекнување и негово губење) и граѓанските права кои можат да се загубат времено или доживотно заради одредени антидржавни дејства. И овие закони треба да се применуваат ретроактивно со цел да се опфатат актерите на претходните кризи и кризирања. Устоличување на бескомпромисна правна држава во која од врвот до дното сите еднакво ќе одговараат пред Уставот и законите. Донесување на силен и прецизен закон за граѓанско здружување со странски спонзори, приватни или државни, и строги контроли на влезот и излезот на парите со бабачко висока стапка на оданочување. Овој сет од закони да важи ретроактивно, без временско ограничување и политички амнестии. Исто како и злосторите против човештвото и воените злосторства. Ретроактивно до даска, а ќе ги опфати и бројните странски советодавци, олеснувачи, посредници, притискачи и уценувачи. Kомплетна ревизија и преиспитување на досегашната политика кон соседите. Замена на досегашната неуспешна евроатланска политика со неутрална мултиполарна позиција каква што и доликува на држава на геополитичка и геостратешка раскрсница. Итно создавање на државен институт за геополитика и геостратегија. Легализирање на Македонската енциклопедија. Итно отпочнување на сеопфатни образовни реформи кои ги прекинаа налетите на борците за неписменост заседнати во образовните институции со нивните питомци и родители. Чешлање до даска на автономните универзитетски заедници и нивните критериуми за стекнување дипломи и звања. Нема веќе вадење на екстериторијалниот статус и претворање на факултетите во дувла за полуписмени професори и издресирани анархисти. Целта е педагошките факултети да ја издигнат професијата учител на највисоко ниво и со квалитет на кадри и со плати за да не добиваме генерации бројлери, вуду зомби орудија, ами самосвесни, слободни и одговорни луѓе за да може народот мирно да спие и спокојно да живее. Избори можете да цевчите и до пролет. Можете да си се занимавате со себе и да калкулирате колку си сакате, ама времето работи против сите вас. Сега се игра брз шах, ем симултано на десет табли, а вие сте уште гроги и веќе во цајтнот!

Мирка Велиновска

#



Останати вести
Човек на убавото е вандал
Господине Пицула, зошто дувате во грчки и бугарски едра?
Дали проблемот е во Македонците што станаа Бугари?
Ќе се удавиме ли сите во Рубиконот на Заев?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
neopredelen, 16.02.2017 21:47:47
mirke zemi eden stap i od kuka na kuka drugo fajde nema si se nafatira imat se sto sakaakt pa ne gi interesira nisto dodeka ne im zavrsat parite sala na strana sekogas si otvotena samo nema mazi vo amakedonija poz
Makedonka, 16.02.2017 22:18:14
No more.Se sto kaza moze da se sprovede.Ima li sila ovoj narod.Mnogu sme mlitavi,sklopcani vo kjose i cekame aj demek ova ne e stvarnost.Kje pomine.Taka bilo toa.Pu Pu - ne vazi.
nepokoren, 16.02.2017 22:23:05
Otvori se zemjo Makedonsko progoltine ovoj sram poveke nemozam da go gledam, Drzavata ni e napadnata od site strani,Brisel i Washington kreatori na toj napad, tie se umovite koj go stokmija napadot nie fateni kako slep za stap talkame po ulicite,gazime vrz se shto e sveto Makedonsko go barame patot kako pobrzo da stigneme do niv jas ke recham trchame kako Guska vo magla trchame shto pobrzo da stigneme do Pekolot.Albancite izlegoa so Platforma stokmena vo Tirana i Kosovo podrzana od Brisel i Washington Nie Makedoncite sramezlivo pripremame kontra Platforma za da si ja zashtitime Drzavata Crni Makedonski Chavki se razgrakaa platforma od Makedonska strana ne trebalo da ima, Gospodi daj im malku pamet otvori im gi ochite na zaspanite ili ne se zaspani tuku se predavnici. Narode Makedonski grebulata kako mrtov predmet ako ja nagazesh na drshkata ke te udri po nosot kade treba da ne nagazat nas Makedoncite za da vozvratime so udar.
трагедии, 16.02.2017 22:43:35
Убаво напишано. Всушност Мирка ги поставува основите на нашата државна платформа. Додека славното ни ВМРО носи нови инвестиции. А душманите од СДСМ во стечај и арнавутите ќе седнат во владата без да победат на избори. Трудни времиња...
Бог, 16.02.2017 23:03:00
Не знам дали вреди да се напиши замерка? Жален напис. Сѐ што се случува е спремано за постепено спроведување уште пред 26 год, па и далеку повеќе во 70-те. Појавите веќе беа очигледни после смртта на Тито во 1980-та веднаш. Почнаа да ја одработуваат тенеќе државата малце по малце. Прво една невообичаена појава, за да се провери другата страна што ќе превземи, колку бргу ќе постапи и кои ќе се резултатите. И после во втора фаза, па трета, итн. Па нели еден цел куп такви шаблони светот виде во 60-те и 70-те ? Последиците беа еден куп воени удари и воведување диктатури. Интересно е дека секогаш ги изведуваа правдајќи ги дека се воведува демократија. А последица беше прогон и убиство на сите граѓани кои беа против странските подржувачи на воените удари. Што, велите вистина е уште така прават и денес, еве во Украина, Сирија, Либија, Ирак, Афганистан, Јемен, и кај нас дури ама тешло им одело.
khgfxxzz, 16.02.2017 23:07:23
Mirka za premier. Da see formira nova partija koja ke gi ishutira segashnive partii i nivnite lideri i privezoci da se stavat vo zatvor, pa tamu neka pravat dogovor koj na kogo, ili koj ke bide gore, a koj dole. Za krevetite zboruvam.
Бог, 16.02.2017 23:26:57
Кај нас никаква постапка не беше превземена за заштита на Републиката. Еден куп банда комуњари беа на власт, црвената буржоазија, со рацете окрвавени од што сотрија сѐ што беше Македонско. Тие твореа Југославија. Само две постапки требаше НАРОДОТ да превземи, да си го задржи своето целосно вооружување (а не како што претседателот комуњар К Глигоров го даде на Србите, цели $20 милјарди) и да се спроведи лустрација. Сега сме соочени со истата банда комуњари која во 1000% е сплетена со странски капиталисти и агентури. Да, тие кои не влечеа за нос и викаа градиме социјализам живело братство и јединство и и по тито, тито. Ееее тенеќина, така е. Денеска Републиката не постои. Сѐ што се случува го потврдува тоа. Бандата лажни патриоти втор пат одби како влада да ги исполни Уставните и законските обврски и должности. Народот продолжи да стои мирно како овци во бачило и дури половина гласа за самоснемување. Такви нешта само во Чудесна Македонија.
тино, 16.02.2017 23:56:46
Тешко на Македонија од црпнати, кодоши, удбаши(заевисти соросоиди), патриоти криминалци(груевисти). Најголема вина има боксерот ака јавачот со својот криминал мислеќи дека народот треба да го одбрани за се она што го направил. Затоа треба кривични против сдс и дпмне за уништување на државата од 1991 год. Секој криминал да се осуди и нов специјален суд за предавство на државата.
Stranec, 16.02.2017 23:57:27
So drugi zborovi - vremeto gi pregazi nasite politicari! Ili pak - nastanite gi iznenaduvaat I iznuduvaat kapitulacii od nasite politicari bidejki istite tie ne vlijaat nitu pak gi drzat pod konrtola tie nastani! Kolku ke platat Makedonskite danocni obvrznici - tolku muzika ke dobijat! Od strana gledano Makedonija ni oddaleku ne lici na organizirana drzava, toa moze da bide kobna greska. Da, vistinata I pravdata e na nasa strana, ama vo igrata se dozvoleni site opcii...
EU, 17.02.2017 00:43:22
A be ve pustija niz geriz, a vie uste se penjavite vo odbrana na gruevizmot. Taa prikaska zavrsi, pa neli vi teknuva cim se osloboduvaat od vas. Kako ke bide ponatamu ke vidime, no Grujo e out, da ne ve stega glava.
Јовановски Никола, 17.02.2017 02:26:18
...and that the government of the people, by the people and for the people shall not perish from the Earth. Abraham Lincoln, President USA Стимулирањето на тркала кои мислат дека манипулиратт со народот а во суштина ги влечат за нос и не се ни свесни, мислат дека се власт а се само обични чиновници не доведе до овде. Да направиш факултети во месни заедници, да стимулираш средовечни партиски плакетолепачи да добиваат тутурутки за да стекнат раководни позициаа поради исклучително полтронски к-ки доведува на пример до крахови во РЕК Битола, кај и да се свртиш воочливо е потфрлувањето, за ситни пари, шанса добивме ја прокоцкавме и никој освен политичарите не е виновен.Никој без исклучок.
Bosilko od zrze, 17.02.2017 03:59:56
Milka sé si vo pravo,VMRO gi razočara Makedoncite, Gruevski ne e lider , prav lider zema rizik i dejstvuva vo odbrana i se žrtvuva ako trba vo imeto na nacijata, a toj ponesen za vlast ćuti i čeka nekoj drug da mu gi reši problemite ,total failure što bi rekol Trump, ako ne e Gruevski sposoben da gi odbrani ustavot i državata neka se trgne na strana ,očigledno ne go biduva.
isus, 17.02.2017 04:31:04
koa ke no tekne samo kako gobranese vmri I grujco majko Mila koga ke mu kazes na narodot deka vmro I grujco rabotat protif makedoncite ne se nisto podobri od zajko. a vie novinarite set najgolemite preedavnici ..manipulatori.ednite go Brandt grujco drugite zajko I sega sakas narodot da is brani drzavata hahaha neka ja branat grujco kukavicata crvot I familijata. .fprocem tie odam na ja prodadoa drzavata ostana uste narodot na koj nema bas mnogu da mu smeta da bide bugarski drzavjanin😅😅😅😅
Stranec, 17.02.2017 05:11:15
A da razmislime nadvor od kutijata (out of the box) barem ednas? Sto znaeme? Znaeme deka: grcija e izmislena nacija (Englezite ja izmislija), albanija e tvorba na avsto-ungarija (poddrzana sega od EU, UK, USA), bugarite se prodadeni dusi (ke se prodadat na onoj so najveke pari - ili najgolem stap), srbite se narod kojsto ako treba ke izgine do posleden ama nema da se potcini na nikogo. Znaeme deka: grcite I bugarite LAZAT za Makedonija I sakaat da zadrzat toa sto go UKRALE, albancite so sunetska veroispoved se sluzat so demografski metodi I so nasilstvo da osvojat teritorija a zapadot im pomaga vo toa. Znaeme deka: grcija e vo E 350 milijardi dolg I deka nema sansa da gi vrati parite, bugarite bez poddrska od NEKOGO se nikoj I nisto, albanija I kosove se BANANA drzavi koi opstanuvaat so kriminal. So vakvo opkruzuvanje jas sum OPTIMIST ZA MAKEDONIJA. Ne samo sto ke opstaneme tuku I ke se OBEDINIME blagodarejki na gluposta I nesposobnosta na trojkata fantastikus!
Лoги Кaвели, 17.02.2017 07:50:21
Јaс не знaм сo кoј oбрaз Никoлa бaрa 61 прaтеник???пa ние му дaдoвме... А тoј штo нaпрaви тoгaш!?
jas, 17.02.2017 08:02:15
Sekoj napisan zbor drzi i e cista vistina.BRAVO. MAKEDONIO OSVESTI SE
Ники, 17.02.2017 08:10:53
Ставам потпис на Платформа на Македонците.
Филип, 17.02.2017 08:34:07
Фала Мирка
Каде што цветаше жолтиот лимун, 17.02.2017 08:45:37
Г-ѓо Мирка, во седумдесетите во тогашната држава беше многу гледана телевизиската серија Мало Мисто во која во некое градче покрај Јадранското море во Далмација е документирана хрониката на дваесеттиот век во една берберница. Веднаш по нападот од Силите на оската врз Кралството Југославија прогрласена е Независната Држава Хрватска, но после само неколку недели или месеци Далмација е предадена на Кралството Италија, според нив како историски италијанска територија. Тогаш, во многу гледаната серија, долгогодишните муштерии, вечни муабетџии и набљудувачи, во една сцена гласно се смејат велејќи, Животот е како патување со меѓународен воз со спални, си легнеш да спиеш во една држава а се разбудуваш во друга, па потоа пак ќе си легнеш да спиеш а се разбудуваш во трета држава. Право да ви кажам нешто не ми се патува со меѓународен воз со спални. Неспособната елита нека не мисли дека имаат каде да отидат со куфери полни со пари. Таквата можност одамна не постои. Затоа, тие, елитата
razocaran vmrovec, 17.02.2017 09:03:00
A za koj stap imame vojska,volci.lavovi tigri ine znam kakvi drugi specijalci.Izvedete gi na ulica,ispoapsete ambasadori (prvo niv)sds-ovci nestrizeni.albanci platformisani,nevladini zaludeni po parite na soros,na site odzemanje drzavjanstvo i proteruvanje od MK po kratka postapka od 5 minuti.Dodeka megjunarodnata da se svesti sto sme napravile nie da go iscistime gjubreto odovde nadvor.
Manimal, 17.02.2017 09:08:22
Ај ај ај, три смени плус прекувремено сега ги активира сорозитчуленцата... Ај ај ај, нема одмор, нема спиење! Ај ај ај...
СН, 17.02.2017 09:11:36
Без целосна изолација од јавноста на предавничко - платеничката банда на цело со Фрчковски, нема шанса да се спаси Македонија.
Ground Control to Major Tom, 17.02.2017 09:25:31
Falbadžistvoto na Mohamed Ali nekako mu prilegaše - se faleše, ama i pobeduvaše, bockaše kako osa. Za razlika od nego, našiov bokser se fali pred sekoj meč, ama do sega nikogo ne nokautiral. Bocka kako trut! Zamisluvaše referendumska pobeda so 63, dobi umislena pobeda so 51 pratenik. Narodov stana svesen deka partija čie sedište od trošna žoltenikava kućarka prerasnalo vo Bela Palata optočena vo mesingana pozlata ne zastapuva etnički interesi na Makedoncite, tuku samo lični finansiski interesi na poedinci koi šefuvaat vo Partijata. Ottamu i rezigniranosta, besperspektivnosta, želbata da se zamine što podaleku. Raznoraznite politikasteri koi mu se pretstavuvaa na narodecov kako vojvodi-zaštitnici se pročitani i među Makedoncite i među Šćiptarite. I ednite, i drugite se svesni deka fatenite vo laga i do guša vo kriminal (so lični priznanija) ne možat da ja sredat, tuku samo da ja uneredat državava.
Strasko Milosevski, 17.02.2017 09:25:49
Vo golem del se soglasuvam, ama se nekako janza me jade deka rezeto e padnato i deka KASNO E CEDO...
Samoil, 17.02.2017 09:32:03
Додека оваа власт ме ставаше амбасадор, добра ми беше. Сега, со клоцата в газот, акам по сокаците и мавам со шарени куртони. Фигуративно, по порталите.
Trpe, 17.02.2017 10:19:47
Seova e red no ne trba da zaboravime deka 350000 etnicki Makedonci glasaa za Albanskata platforma koj e kriv za toa?
klucen zbor, 17.02.2017 10:26:16
...Ako...
ha ha ha, 17.02.2017 10:29:49
I koj treba da gi sprovede ovie prekrasni predlozi? evnuhot Gruevski? ha ha ha ha ha
wd40, 17.02.2017 11:16:32
Narodot treba da ispucira na kloci se soglasuvam i toa pocnuvajki od tebe, milenko, pandov,glumecon so plasticen eksploziv, toni mihajlovski,zlatev,chilimanov,karakamisheva i slicnite KURTONI. Alooo vo samiot vesnik strajkuvaat novinari isti tie jadni dushi koi go branat kriminalniot rezim na familijata. Imash pravo treba site na KLOCI da ve rashutiraat gdomnari edni
Најнови вести