период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 13:23

Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март

Британската Влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти денеска Даунинг стрит 10. 

- Постојаниот британски претставник  во Брисел утрово ја информира ЕУ дека на 29 март Велика Британија ќе го активира членот 50, изјави претставник на Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј.

Според официјалното британско соопштение, Владата во Лондон ќе ги извести со писма сите 27 земји членки на ЕУ и ќе побара од нив преговорите за формалното истапување од Унијата да почнат што е можно побрзо.

Стартувањето на процесот за Брезит стана можно откако на 16 март кралицата Елизабета Втора формално го одобри Законот за процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, што преходно беше усвоен од двата дом на британскиот Парламент.

Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Берков, по одобрувањето на Законот од страна на кралицата, потврди дека Меј може да ги почне преговорите за Брегзит во „кое било време“. 

Пред девет месеци на референдумот за ЕУ одржан на 23 јуни, 51,9 отсто од Британците се определија за напуштање на Унијата, додека 48,1 отсто беа за задржување на британското членство.

Мнозинството Шкотланѓани и Северноирци беа за останување на Обединетот крластво во Унијата. За Брегзит гласаа мнозинството Англичани и тоа не само евроскептците, кои доминираат кај гласачите на владејачката Конзервативна партија, туку и традиционални поддржувачи на лабуристите од североисточните делови на Англија и во Велс.

Лондон се надева дека преговорите ќе завршат за две годиним што значи дека Велика Британија на почетокот од април 2019 година ќе биде надвор од Унијата.

Кандидатурата за членство во тогашната Европска еконономска заедница (ЕЕЗ), Владата во Лондон првпат ја поднесе во 1963 година, во времето кога премиер беше конзервативецот Харолд Макмилан.

Десет години траеја преговорите за британски влез во заедницата, најмногу поради ветото на Франција и на нејзиниот тогашен претседател Шарл де Гол, кој не веруваше во определеноста на Британците да бидат дел од европскиот континент, нивната голема блискост со САД и стравувањето дека во ЕЕЗ Велика Британија ќе го вовлече и целиот Комонвелт.

Членка на ЕЕЗ Велика Британија стана во 1973 година, кога спогодбата за членство ја потпиша конзервативниот премиер Едвард Хит.

Референдумот за напуштање на сегашната ЕУ го покрена поранешниот премиер Дејвид Камерон, во надеж да ја смири десницата во својата Конзервативна партија и верувајќи дека Британците ќе се определат за останување во Унијата.

Во кампањата Камерон агитираше за останување во ЕУ, а по поразот поднесе оставка и беше заменет од Тереза Меј.

Медиумите во Лондон најавуваат дека таа ќе им се обрати на пратениците во Парламентот по покренување на членот 50.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести