период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 21.04.2017, 17:14

Kонцерт на Чик Kореа со „Електрик бенд“ во „Метрополис арената“


Легендарниот џез-пијанист Чик Kореа на 2 јули ќе свири во „Метрополис арената“ во Скопје. Во рамките на ексклузивната светска турнеја и македонската публика ќе има можност да ужива во проектот „Чик Kореа Електрик бенд“. Влезниците за настанот се пуштени во продажба.

- Станува збор за еден од неколкуте состави што внесоа револуција во самата уметничка форма во џез-музиката. Деби-албумот од 1985 година пристигна како гром од ведро небо спојувајќи неколку правци - џез, рок, латино и фанк. Овој класичен колектив во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век издаде неколку албуми кои извршија огромно влијание од хип-хоп музиката до сите најдобри  џез-музичари на денешницата - информира организаторот од „Спектаклум“. 

Во квинтетот „Чик Kореа Електрик бенд“, покрај Kореа, членуваат и Дејв Векл (тапани), Џон Патитучи (бас), Ерик Мериентал (саксофон) и Френк Гембејл (гитара). 

Чик Kореа е американски пијанист и композитор, еден од уметниците со најмногу номинации во историјата на наградите „Греми“ и со освоени 22 статуетки. Kомпонира музика од класичен стил до авангарда, од детски песни до камерни и симфониски дела или како што „Њујорк тајмс“ го дефинира - светлост на врелата и вечна младост.

#



Останати вести
Џек Николсон се враќа на филмското платно со комедија
Рената Кралевска: Напишав химна за модерни и самостојни дами

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести