период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 11.01.2017, 17:39

анализа на американскиот политиколог Дов Левин

ЦИА вмешала прсти во повеќе од 80 избори во странски држави

ЦИА ја обвини Русија за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година (со апсолутно никакви докази) преку хакирање на компјутерските мрежи на демократите и републиканците и со селективно објавување пораки. Меѓутоа, критичарите со факти посочуваат дека САД и самите имаат направено слични работи, пишува „Глобал рисрч“. САД имаат долга историја на обиди да влијаат врз претседателските избори во други земји - според базата на податоци собрана од политичкиот научник Дов Левин од Универзитетот „Kарнеги Мелон“, тоа го направиле повеќе од 81 пат меѓу 1946 и 2000 година. Во овој број не се вклучени воените удари и напорите за промена на власта по избор на кандидати што не им се допаднале на САД (особено во Иран, Гватемала и во Чиле), ниту е вклучена „помошта“ во изборниот процес, како следењето на изборите.

Левин ја дефинира интервенцијата како скапо дејство дизајнирано за да се потврдат изборните резултати во корист на една од двете страни. Овие дејства, изведени тајно во две третини од случаите, вклучуваат финансирање на изборните кампањи на одредени партии, ширење дезинформации и пропаганда, обука на локалното население од само една страна во разни кампањи или техники за поттикнување гласање помагајќи ~ на едната страна да дизајнира материјали за кампања, јавни прогласи или закани „за“ или „против“ некој кандидат, како и обезбедување или одземање странска помош. Во 59 отсто од случаите страната што добила помош дошла на власт иако Левин проценува дека просечниот ефект на „партиските изборни интервенции“ е само околу 3 отсто зголемување во бројот на гласови. Парламентарните избори во Италија во 1948 година се еден од првите примери на политичка трка во која дејствата на САД веројатно влијаеле на исходот.

- Сторивме с`за да им помогнеме на демохристијаните да ги победат комунистите во Италија вклучувајќи скришно доставување вреќи со пари за да се покријат трошоците за кампања, испраќање експерти за да се помогнат во кампањата и јавни закани дека ќе ја прекинеме американска помош за Италија ако бидат избрани комунистите - вели Левин и додава дека интервенцијата на САД одиграла важна улога во спречувањето на победата на Kомунистичката партија, и тоа не само во 1948 година, туку на седум последователни избори.

Во текот на Студената војна вмешаноста на САД во странските избори беше мотивирана главно од целта да се потисне комунизмот, вели Томас Kаротерс, експерт за надворешна политика во Фондот за меѓународен мир „Kарнеги“.

- На САД не им одговараше да бидат избрани левичарски влади, па доста често се обидуваа да влијаат врз изборите во другите земји - рече Kаротерс.

Овој пристап беше пренесен и во постсоветскиот период. По соборувањето на диктаторот и американски сојузник, Жан-Kлод Дувалие - Беби Док на Хаитите во 1986 година, ЦИА поддржуваше одредени кандидати за да го поткопа Жан-Бертран Аристид. „Њујорк тајмс“во 1990 година објави дека ЦИА имала на својот платен список членови од воената хунта која на крајот го собори Аристид откако тој беше демократски избран со убедлива победа над Марк Базин, поранешен претставник на Светската банка и министер за финансии фаворизиран од САД. На Блискиот Исток САД имаа цел да ги зајакнат кандидатите што би можеле да продолжат израелско-палестинскиот мировен процес. Во 1996 година Kлинтон отворено го поддржа Шимон Перес свикувајќи мировен самит за мир во Шарм ел Шеик за да ја зголеми неговата поддршка кај народот и канејќи го на состанокот во Белата куќа еден месец пред изборите.

- Н` убедуваа дека ако победи кандидатот на Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, мировниот процес ќе биде прекинат - вели Арон Дејвид Милер, кој работел во Стејт департментот во тоа време.

Во Југославија долго време САД и НАТО се обидуваа да го исклучат српскиот националист и југословенски претседател Слободан Милошевиќ од меѓународниот систем преку економски санкции и воена акција. Во 2000 година САД потрошија милиони долари за помош на политичките партии, трошоци за кампањата и за независните медиуми. Според Левин, финансирањето и опремата за работа на медиумите од опозицијата беа одлучувачки фактор во изборот на кандидатот на опозицијата, Воислав Kоштуница, за претседател на Југославија.

- Да не беше оваа речиси отворена интервенција, Милошевиќ најверојатно ќе добиеше уште еден мандат - вели тој.

Субверзивните активности на САД преку ЦИА продолжија и по 2000 година обидувајќи се во најголем дел и успешно да влијаат во изборите или во промена на власта во Еквадор (2000), Авганистан (2001), Венецуела (2002), Ирак (2003), Хаити (2004), Хондурас (2009), Либија (2011), Украина (2014), а Сомалија (од 2007) и Сирија (од 2012) с` уште ги трпат последиците и се борат против овие обиди.

Јелцин ги изиграл САД

САД се обидоа да влијаат и во руските избори. Во 1996 година, кога пропаѓаа претседателството на Борис Елцин и руската економија, претседателот Бил Kлинтон поддржа заем од 10,2 милијарди долари од ММФ за приватизација, либерализација на трговијата и други мерки што ќе ја насочат Русија кон капиталистичка економија. Елцин го искористи кредитот за да ја зајакне својата поддршка кај народот велејќи им на гласачите дека се рекламирал како реформист за да ги обезбеди тие кредити. Тој делумно ги искористил парите за социјална потрошувачка пред изборите, вклучително и исплата на заостанатите плати и пензии.

#



Останати вести
Унгарија тргнува против Сорос
Во Париз регистрирани 17 радикализирани полицајци
Расистот што уби девет Афроамериканци осуден на смрт
Полицијата во Брисел преку часови за исламот ќе гради пристојни односи со муслиманската заедница
Ирачки командант тврди дека Мосул ќе биде ослободен за три месеци

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
HAWAII, 12.01.2017 05:29:08
MNOGU SLICNOSTI I vo Makedonija-pozajmici za penzii I za plati za drzavnata administracija potocno ELEKTORAT na partijata VMRO
Најнови вести