период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 17:29

ТРАНСМЕТ

Работиме професионално, морално и согласно законот

Градежната компанијата „Трансмет“ против која Специјалното јавно обвинителство отвори предмет, во соопштение до јавноста вели дека работат секогаш професионално, морално и согласно законските регулативи, по што се препознатливи како симбол за квалитет.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ТРАНСМЕТ:

Почитувани, во изминатиот период нашата фирма беше на удар и мета на разни обвиненија, манипулации и невистини се со цел да се дискредитира и наруши репутацијата на фирма која повеќе од 25 години успешно работи на македонскиот пазар.

Во досегашното работење на компанијата ТРАНСМЕТ, како и денес, работиме секогаш професионално, морално и согласно законските регулативи, по што и сме препознатливи како симбол на квалитет, компанија која чесно и макотрпно си ја заработила својата позиција на домашниот пазар, што не прави една од неколкуте компании во државата квалификувани за конкурирање на набавки кои се од капитално значење на државата.

Конкретно за случајот кој деновиве се актуелизира во јавноста и поради кој сме цел на обвинувања и нарушувања на угледот, сметаме дека јавноста треба да биде информирана и запознаена дека станува збор за сериозна компанија која ги исполнува потребните критериуми за изведување на работи од таков вид. Процесот на конкурирање од моментот на објавување на Огласот за јавна набавка е во целост транспарентен и поминува низ неколку фази на бодување, каде што единствено компании кои ги задоволиле бараните критериуми, се квалификувани да достават и своја понуда, запазувајќи го принципот на фер конкуренција.

Договорот кој ТРАНСМЕТ го доби како дел од Конзорциумот составен од три фирми подразбира распределба на работата и вредноста на тој договор помеѓу нив, така што не станува збор за прибавена имотна корист од 17 милиони евра од страна на ТРАНСМЕТ како што се презентира во јавноста, а притоа не се потенцира дека на овој проект ангажиран беше и повеќе од потребниот број на кадар и опрема во три смени, со исплатени плати и сите давачки кон државата, давачки за амортизација како и тековните трошоци кон  добавувачите кои се индиректно инволвирани во работата.

Поради тоа за нас не е сфатено како е можно да се доведе во прашање работата на една ваква сериозна компанија која пред се ја извршила работата навремено, квалитетно и согласно сите законски регулативи и барања од Инвеститорот.

Очигледно е дека со ваквиот напад се сака да се добие погрешна слика во јавноста, нарушувајќи ја нашата чесност и углед, а притоа заборавајќи на социјалниот момент и заборавајќи на егзистенцијата на преку 1000 вработени и нивните семејства. Веруваме дека јавноста нема да ги затвори очите пред овие факти.

#



Останати вести
Хан ја почна серијата средби со политичките лидери
Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола
Швајнштајгер една година во Чикаго
Лила, Јована и Симона блеснаа како невести
Во Даблин има паб на секои 100 жители
Јункер: Ќе ја казниме Британија за брегзитот како пример за другите членки
Ердоган и турската Влада не се добредојдени во Германија
Малиот Наум трета година едноподруго собира меѓународни награди за цртање
„Молотов коктел“ фрлен во кафуле во Тетово
Федерер игра како во најдобрите денови
Голди Хоун во "Грабнати"
Робин О'Нил: Македонија од секогаш е под закана на соседите
''Охрид од понапред до денес''
Иванов нема да се сретне со Хан - терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“
Купер и Гага заедно на филм
Загина тракторист во Kумановско
Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација
Една петтина од потрошената енергија во Македонија е добиена од ветрот, сонцето и од водата
Трамп ќе стане дедо по деветти пат
Роуан Аткинсон очекува да ги надомести финансиските загуби
Јубилејно издание на Моден викенд Скопје
СДСМ за претседател на Собранието прво ќе го постави Спасовски како Македонец, а понатаму ќе се одбере Албанец
Главниот осомничен од акцијата во Арачиново се јави како бегалец во Телевизија 24
Денешниот протест против Сорос и неговите организации
Ел класико на 23 април во вечерен термин
Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
„Kуку леле“ ја сними субвенционираната „Рома романтика“
Почина магнатот Рокфелер
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски
Червар се договори со Металург да остане до крајот на сезоната
Директор со условна казна бидејќи дозволил во Богомила да се пие загадена вода
Филип Петровски на распит во Обвинителство за статус на Твитер
Оливер Спасовски не се појави на распит во Обвинителството

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести