период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 11.01.2017, 17:54

Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс

Играниот филм „Ослободување на Скопје”, во режија на Раде и Данило Шербеџија, бил прикажан на 28. Филмски фестивал во Палм Спрингс, Kалифорнија, како дел од програмата Awards Buzz Fest Foreign Language Film, соопшти продукцијата „Партизанс“.

- Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората проекција ќе биде одржана на 11 јануари 2017 година во киното „Регал“. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија - соопшти „Партизанс“.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

Главните улоги ги играат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.

#



Останати вести
Изложба на цртежи на уметници-бегалци од Сирија
Струшкиот музеј кани ученици на часови
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести