период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 11.01.2017, 13:34

Има 98 години и е најстарата инструкторка за јога

Тао Порчон Линч има 98 години и е најстарата инструкторка за јога во светот. Таа веќе 75 години секое утро станува во пет часот и им држи предавања на љубителите на оваа древна вештина.

Порчон Линч неодамна ја откри својата тајна на среќата, здавјето и долговечноста. Нејзината мантра е: „С` е можно, ништо не е невозможно“. Таа порачува дека кога секое утро ќе се разбудите со реченицата „Ова ќе биде најубавиот ден во мојот живот“ тој и навистина ќе биде таков.

- Знам дека кај вас постои радоста на животот. Живејте ја, верувајте во неа - потенцира таа.

Јогата не е единствената вештина што ја совладала оваа жена. Таа е и талентирана балерина, а се појавила и во филмовите Show Boat (во 1951 година) и The last Time (Последен пат), во кој главната улога ја играше Елизабет Тејлор.

Таа својата долговечност, како што вели, ~ ја должи на јогата, но не може да се каже дека времето не оставило траги на нејзиното тело. Пред неколку години морала да вгради вештачки колк, а во 2011 година го скршила зглобот на раката.

Тоа не ја забавило во животот. Порчон Линч секојдневно се усовршува, а вели дека многу ~ помага вегетеријанската исхрана, повремено со чаша вино или коцка чоколадо.

#



Останати вести
Замбези ајкула нападна нуркач
Во Сиднеј температурата е 40 степени Целзиусови, плажите се полни
Најлудиот 3Д-музеј во светот е на Филипините
Домашните миленици се добредојдени на Детската клиника

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести