период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 19.05.2017, 16:57

ВТОР KАМП ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

И посебните деца можат и умеат ако општеството им даде услови

Втор камп на родители и деца со посебни потреби ќе се организира од денеска до понеделник во Паркот на жената борец, каде што три дена родителите ќе ги анимираат политичарите за потребите на овие лица на кои им е потребна поголема системска поддршка и измени на низа закони за унапредување на нивните права. Повеќе од 30 здруженија на лица со посебни потреби од различни категории на попреченост во изминатиов период се здружија во иницијативата „5 до 12“ и ја реализираат најавената поширока активност за остварување на нивните барања, а викендов по вторпат ќе кампуваат.

Главната цел на иницијативата е „5 до 12“ е изедначување на правата на лицата со посебни потреби.

Собрани над 30.000 потписи

По првиот камп беа собрани над 30.000 потписи во книгите за поддршка од граѓаните од речиси сите градови во Македонија, а на вториот камп ќе се организираат и низа работилници и активности за децата со посебни потреби.

Сузана Стојановска од иницијативата „5 до 12“ побара поддршка од сите сограѓани и ги повика да дојдат на кампот на тридневно дружење, гушкање и заеднички активности.

- Ги повикуваме надлежните институции да дојдат да н` видат нас и нашите деца и заедно да разговараме за решенијата. Да покажеме дека и нашите деца можат ако им се даде можност и ако им се обезбедат услови. На иницијативата досега ~ се приклучија повеќе од 30 здруженија и неформални групи од цела Македонија, а ги повикуваме и останатите да се обединиме и да застанеме цврсто заедно. Знаеме, можеме, умееме и не отстапуваме с` до исполнување на нашите барања. Барањата се подготвуваат во форма на законски и подзаконски акти и ќе бидат доставени до Собранието - изјави Стојановска.

Според Суарет Алиша, иницијативата има цел да овозможи подобар животен стандард на лицата со попреченост.

- Јас сум дете со попреченост и сум пораснат во институциите на системот бидејќи сум бил дете без родителска грижа. Ова го започнуваме за да докажеме дека има место подеднакво за сите. Глувите сакаат да ја победат тишината, а слепите сакаат да ја победат темнината, дајте да им го оствариме тој сон - изјави Алиша.

Очекуваме нови закони

Родителите велат дека во изминатиот месец политичарите од партиите не контактирале со нив, што им е разбирливо со оглед на актуелната политичка ситуација. Тие очекуваат штом се формира влада да почнат со разговори за нивните барања, кои веќе три години во разни пригоди им се доставувани на надлежните институции. Велат дека родителите преку свои претставници мора да бидат вклучени во изнаоѓањето прифатливи решенија.

Претседателот на здружението „Раст“, Александар Петровски, вели дека очекуваат од институциите да ги побараат и да разговараат.

- Најнеопходно е да се изгради модерен центар за лицата со посебни потреби каде што ќе има нормални услови за пошироката популација на сите лица со попреченост, како што се физиотерапевти, негуватели, медицински персонал, градинка и с` останато. Сметам дека државата во 21 век може да изгради таков центар - изјави Петровски.

Организаторите велат дека сакаат да покажат дека и децата со посебни потреби се способни да учат и да придонесат за пошироката заедница ако општеството им овозможи услови. Затоа тие на вториот камп организираат низа работилници за: арт-терапија, музикотерапија, тематски работилници, логопедски третмани, работилници за здрава храна, како и спортски вечерни активности и утринска гимнастика со волонтери од Специјалната олимпијада.

Шаторите ќе бидат поставени денеска напладне, а кампот ќе се растури в понеделник попладне.

Соња Христовска-Угриновска 

#



Останати вести
Штицата за кујна со мотив од Скопје прогласена за најавтентичен сувенир
Анкета за проблемите на жените од Ѓорче Петров

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести