период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.05.2017, 10:53

ОБЈАВЕН KОНKУРСОТ ЗА УПИС ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Јунска трка за 35.000 места

Првиот рок за поднесување документи за упис во средните училишта во Македонија е 28 и 29 јуни, објави Министерството за образование. Во конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2017/2018 година се обезбедени 35.909 места, и тоа 25.127 на македонски наставен јазик, 9.830 на албански наставен јазик, 918 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, во кои се вклучени и паралелките во реформирано двегодишно и тригодишно стручно образование.



Од ова министерство наведуваат дека и оваа учебна година во средното образование ќе се воведат адаптирани наставни програми од Kембриџ-програмата по предметите математика, биологија, физика и хемија.

- Во гимназиското образование во природно-математичко подрачје акцентот ќе биде ставен на зајакнато изучување математика. Постојат две комбинации на паралелки, А и Б. Едните ќе изучуваат повеќе од предметите за природни науки, другите за општествените. При пријавувањето за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат во согласност со своите афинитети за соодветното подрачје за комбинација А или Б, што ќе ја изучуваат во текот на своето образование. Од оваа учебна година наставата по новите реформирани наставни планови и програми во двегодишното и тригодишното стручно образование ќе се реализира во сите средни стручни училишта во сите струки и образовни профили. Министерството за образование и наука врз основа на податоците со кои располага утврди дека бројот на паралелките за гимназиското образование, економско-правна струка и медицинска струка, ќе се движат во рамките на бројот на паралелките како и минатата година - велат од Kабинетот на министерот за образование, Пишар Љутвиу.

Бројот на поени за запишување во средно училиште останал ист за сите како лани: за гимназиско образование 60 поени, за здравствена струка 70 поени, за економско, правна и трговска струка 60 поени, за сообраќајна струка од 55 до 60 поени и за образовниот профил техничар за очна оптика од струката лични услуги 60 поени, за електротехничка струка од 55 до 50 поени, а за останатите образовни профили 45 поени. За образовните профили во двегодишно и тригодишно траење бројот на поени за запишување изнесува 30 поени за сите профили.

#



Останати вести
Проект со најголемо значење за македонското здравство
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства
Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени
Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести