период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.03.2017, 22:37

ДАМОВСKИ И ДУРЛОВСKИ, „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

Го покануваме Хан пред 100.000 луѓе да ја осуди платформата на Еди Рама

Не има 100.000. Еве, го поканувам Јоханес Хан, наместо да им врши притисок на нашите политичари, да излезе пред овој народ и да каже дека не може платформи на туѓи држави да ја уриваат Македонија.

Друго е с` јасно и кажано. Настрана од тоа, лично мислам дека треба да се одржат нов попис и нови избори според нов изборен модел. Сакам да си го знам пратеникот. Вака, како што е сега, не оди, вели Борис Дамовски за „Дневник“, по барањето од „За заедничка Македонија“ за средба со еврокомесарот, кој утре треба да ја посети Македонија.

Барањето за средба со Хан произлезе и по неофицијалните најави дека тој ќе се обиде да го притисне претседателот Ѓорге Иванов со тврдењето дека платформата стокмена во Тирана е само парче хартија, кое нема да може да се спроведе, па затоа, претседателот треба да му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев.

Оперскиот пејач и член на иницијативата Игор Дурловски за „Дневник“ вели оти бараат да бидат дел од агендата на средби на Хан во вторник оти, како што вели, е од огромна важност од нив изворно да ги слушне ставовите во врска со тиранската платформа.

- Не смее и не може да се игнорира огромна маса поддржувачи која од ден на ден е с` помасовна. Бараме и очекуваме да се сретнеме со господинот Хан. Тој треба од нас изворно да слушне кои се нашите ставови и отворено да го осуди мешањето на албанскиот премиер Еди Рама преку тиранската платформа, вели Дурловски.

Вчера граѓанската иницијатива симболично го означи просторот пред седиштето на ЕУ во центарот на Скопје со црвено-жолти балони, во пресрет на доаѓањето на Хан. И оттаму, Дурловски испрати порака, дека основните принципи на ЕУ: еднаквост, слобода и солидарност, треба да важат подеднакво за сите граѓани во Македонија.

- Интеграција наместо лажна надеж и извесност наместо неизвесност, бараме господинот Хан да се сретне со нас за да може да му ги претставиме нашите цели и барања кои се фиксни и непроменливи. Нивното игнорирање и игнорирањето на нашите барања може да создаде само дополнителни ризици. Ако ЕУ е за почитување на граѓанското општество, тогаш треба да покаже дека декларативните заложби не се само флоскули, туку треба да преземе конкретни дела, а за почеток може да прифатат средба со нас. Игнорирањето од страна на Хан ќе го сметаме за неискрен однос и приказ за недобри цели и намери на ЕУ кон Република Македонија, рече Дурловски.

Викендов, во Охрид се организира и регата со бродови и кајчиња за поддршка на „Заедничка Македонија“. Наместо марш, низ Охридско Езеро пловеа бродови и кајчиња со македонски знамиња. Голема поддршка за „Заедничка Македонија“ стигнува и од македонската дијаспора, која и овој викенд одржа протестни собири.

Македонското знаме се вее во Сиднеј, Лондон, Берлин, Малме

Викендов поддршка за „Заедничка Македонија“ даде и македонската дијаспора во неколку европски и светски града. Македонското знаме се вееше во Малме, Лондон, Сиднеј, Берлин, Малта, Словенија, Холандија и Австралија. Во Шведска, Малме, Македонците порачаа да се зачува унитарноста и самостојноста на Македонија.

- Денес сме собрани тука, во јужниот дел на оваа прекрасна земја, мирно и достоинствено, но со силна порака и сплотеност, да ја искажеме нашата целосна поддршка за заедничка и унитарна Република Македонија. Kако една од најстарите нации во Европа, како земја која има дадено огромен број жртви низ годините за независна и самостојна држава, нашата генерација е повторно исправена пред предизвикот да си го зачуваме тоа што нам ни припаѓа. Република Македонија географски е мала држава, но нејзината мултиетничка и мултикултурна поставеност ја прави држава со огромно срце - беше дел од говорот во Малме.

Освен во Шведска, македонската заедница се собра на протест и во главниот град на Германија пред Бранденбуршката порта во Берлин.

- Македонците во Германија, како нераскинлив дел од македонскиот народ, преку мирниот протест изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата, се вели во декларацијата која беше прочитана во Берлин. Поддршка стигна и од Сиднеј, Австралија.

Порака испратија и Македонците од пред Вестминстерската палата.

- Мојата земја е Македонија и мојот јазик е македонски, пишуваше на еден од транспарентите.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Македонија нема да прифати уцени
Албанците се миленици на Западот оти се подобри вазали
СДСМ не негира дека му понудил на Села да биде претседател на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
??, 19.03.2017 23:06:42
Ako Han ja osudi tiranskata deklaracija, fakticki on ja osuduva CIA, Sororovite slugi i EU, kako neprofatlivi. Togash i Makedonija nema da gi prifati. Ako Han ne ja osudi tiranskata deklaracija togash pokazuva javno deka i on e del od megjunarodnoto meshanje vo Makedonija shto e protiv evropskite principi i zaradi toa se ptfrla od Makedonija. Ako molci, toa e mnogu glasno molcenje koe kazuva deka mu prpa da ja zboruva vistinata.
vistina, 19.03.2017 23:11:41
eeeeeej Damovski najprvin uste od aerodromot neizlezen da go prasame nego i negovite pajtasi vo koja drzava doajga treba prvin da se izjasni kako uslov da vleze vo Makedonija a ako mu se dozvoli kako i sekogas da si pravi kako vo trlo bez kucijna togas za dgabe ke vikame ura . odma nazad od aerodrom dosta bese popustajne na olesnuvacite so doa popustajne ne dovedoja vo ova sostojba
So laga sakaat da dojdat na vlast, no lagata ke im se udri od glava, 19.03.2017 23:18:34
Tiranskata platforma mora da se otfrli i osudi od EU bidejki gi zagrozuva meguetnickite odnosi vo Makedonija. Preku ovaa platforma nekoi kriminogeni strukturi finansiraat lideri na politicki partii preku koi sakaat da ja prigrabat vlasta vo drzavava, da gi narusat meguetnickite odnosi, i vo haosot koj bi nastanal da profitiraat. Ne samo platformata, EU mora da osudi i poedini lideri na partii koi gi narusija demokratskite procesi pojavuvajki ja i prifakajki ja platformata postizborno. So toa e izvrsena gruba manipulacija vrz izbornata volja na mnozinstvoto gragani koi glasajki na 11 dekemvri voopsto ja nemaa tiranskata platforma na uvid.
Тирион Ланистер, 20.03.2017 00:12:24
До организаторите: И да го каже тоа, не му верувајте ни збор на Хан. Ако нешто знаеме за еу бирократите е тоа дека едно кажуваат, а друго прават. Време е да се отера и да се почека ЕУ да цркне како творба еднаш и засекогаш.
СПС, 20.03.2017 06:40:28
Сетете се на 2001. И тогаш народот излезе на улица, и беше дури и полошо од сега, но што се случи. Партиите заедно со меѓународната го прескокнаа и си направија она што им беше зацртано. Зарем не гледате дека пак истото се случува. НЕМА ШТО ДА СЕ ПОВИКУВА ХАН! ЗАРЕМ НИЕ НЕ СМЕ СПОСОБНИ САМИ ДА СИ ЈА СРЕДИМЕ РАБОТАТА? ХАН НЕ Е ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА, НИКАКВА МАКЕДОНСКА ИНСТИТУЦИЈА. СО КОЈ УМ ГО ПОВИКУВАТЕ И МУ ПРИДАВАТЕ ЗНАЧЕЊЕ. ТОЈ Е ЦРНИОТ ЃАВОЛ КОЈ ВИЕ ГОСПОДО ПРЕДВОДНИЦИ НА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА МУ ДОЗВОЛУВАТЕ ВО ВТОРНИК ДА НИ ВЛЕЗЕ ДОМА. НЕСМЕЕ ДА СТАПНЕ НА ТЛОТО НА МАКЕДОНИЈА, А КАМО ЛИ ДА ГО ПОВИКУВАТЕ. СВЕСТЕТЕ СЕ ВЕ МОЛАМ. НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ОСУДУВАМЕ ПЛАТФОРМАТА И НЕМА ДА ДАДЕМЕ ДА СЕ СПРОВЕДЕ. ЗОШТО Е БИТНО ХАН ДА ЈА ОСУДИ? НЕ ДАВАЈДЕ ДА НИ ВЛЕЗЕ ПАК ВО МАКЕДОНИЈА. ХАН Е НИКОЈ И НИШТО, НИЕ СМЕ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. АКО ХАН СЕ СРЕТНЕ СО НАСИТЕ НИ ПРЕДАВНИЧКИ ПАРТИИ, ГОТОВО Е СО МАКЕДОНИЈА.ПАК ЌЕ ГО ПРЕМОСТАТ НАРОДОТ .ГОЛЕМА Е ОДГОВОРНОСТА ДА ГО ПРЕДВОДИС НАРОДОТ, БИДЕТЕ МУДРИ
NEPOKOREN, 20.03.2017 07:31:15
Braka i Sestri Makedonci nie Makedoncite 25 godini sme manipolirani od Brisel i Washington.Mnogu nashi Braka i Sestri nemozea da ja ja vidat manipolacijata od mnogu golemata zelba shto ja imavme da bideme chlenka na EU i NATO, mnogu beshe prozirno ushte vo pochetok deka nie Makedoncite i Makedonskata Drzava sme nesakani ne planirani zatoa i se stokmi Fashistichkata Lisabonska Deklaracija, Demokratskata EU od stilot na Gestapo pobara da si go smenime imeto toa trebashe da bide silno otreznuvanje za nas Makedoncite. Ako gi analizirash izminative 25 godini ke dojdesh do zakluchok deka agresorot vrz Makedonskata drzava se tokmu Brisel i Washington. Da ne se zalazuvame i da dozvolime povtorno Han so negovite Tri Muskotari povtorno da ni solat pamet, da se bara sredba so Han, ako odbije da mu se prati poraka povtorno da ne stapne negova noga na Makedonsko tlo da se proglasi za Persona Non Grate.
фактички, 20.03.2017 09:10:39
Ништо не му нудите на овој самозванец. Сам се поканил сам си дошол нагости па уште и памет ќе соли. Нема кај нив принципиелност, нема став кој трае. Се што ќе ви кажат е за една употреба и тоа секогаш против вас, Македонци!
istoricar, 20.03.2017 09:29:05
kolku nisko padna makedonecot da se bori za svoe zname,ime i toa od malcinstvo 10%(so tendencija na celosno izceznuvanje po ukinucanje na shengen vizi)da go molat han i drugi od ev parlament a tie se somnevam deka site znaat kade mkd na karta a kamoli da znaat nasa istorija,tradicija,kultura...problemot nee han tuku kvislingot zaev(i del od sds) koj uste pred 2 god trebase da se smesti vo idrizovo ..zaev poleka ke ja prekroi mkd i nikoj nisto ne prezema ova e nevideno vo evropska istorija.
DLM, 20.03.2017 09:56:35
Ајде и тоа чудо да го видам Македонците да го дочекат коцкарот како што доликува. Да го замолат на заминување да си ги земе и сите квислинзи и други негови мајмуни а ако не си ги земе да се пратат со некоја бегалска група од неколку илјади. Туку гледам пишува се вее знамето македонско во Сиднеј Лондон Берлин и Малме, ви се молам големо м*до ако се веее таму низ светот ПРАШАЊЕТО Е ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ДА СЕ ВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО, овие нашиве кои самите се нарекуваат политичари (замислете политичар со 30 или 40 години па тој може да биде само потрчко-папучар, какво животно искуство има тој за да биде политичар) претходно дозволија во Македонија да се вее знаме на туѓа држава тобоже тоа било национално знаме на малцинство - ТУТУРУТКИ продадени за пари и власт не продадоа сите како да сме нивна сопственост. Има некои коментари кои малку дефокусираат па наметнуваат дека државата ќе останела добро немало да се вика Македонија ама
DLM II, 20.03.2017 10:06:32
... ќе сме биле примени во ЕУропска која забрзано се распаѓа, за нив било важно државата да опстанела - викај ме како сакаш само не крши ме! Што друго освен да се каже дека тоа е моронштина од прва категорија! Еве еден линк http://www.vistini.com/hibridni-vojni-razbivanje-na-balkanot/ каде пред скоро 2 години е опишано што и како ќе се случува на Југоисточниот полуостров. Тој проект авторот го објавил на време само немало кој да го проучи и да види каква опасност е за Македонија. Лага е тоа што му се сервира на Заев дека ќе имало само федерализација па дека можеби само ќе се сменело името Македонија - многу поверојатна е варијантата дека се оди на поделба на државата помеѓу Албанија и Бугарија, има многу показатели во блиското минато кои упатуваат на тоа (механички прилив на арнаути и шовинистичка реторика од Албанија и забрзано доделување на бугарски пасоши). Жалам но Груевски не е во право кога вели дека нардот сам ќе се избори со овие, потребно е лидерство кое ќе застане на тој бран
Најнови вести