период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 18.05.2017, 18:16

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

 

Добро е што со здружени напори, напори на граѓаните кои што секојдневно 70-80 дена протестираа, напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, напори на претседателот на државата, со здружени напори успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден, ставен во ќош да потпише еден таков документ, како што никој досега кој што барал мандат од претседателот, ниту имало потреба, ниту се помислувало да има потреба да го потпише, но имајќи ги во предвид неговите ставови и ветувања, се покажа како неопходно.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи го потпишувањето на гаранциите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кај претседателот Ѓорге Иванов, за доделување на мандатот за формирање Влада.

-Така што со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата и тоа е одлично, тоа е многу добро, затоа што тоа и беше главната цел, да се спречи разградување на унитарноста на Република Македонија, нешто што гледавме од изјавите и на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави, како и од изјавите на ДУИ, претставниците на ДУИ и на други партии од албанскиот блок, дека беше тргнато во тој правец, изјави Груевски.

Тој напомена и дека македонската јавност добро го познава Зоран Заев, дека не може да му се верува на зборот. Како што кажа Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со отворени очи и доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гранации, тие ќе реагираат жестоко.

-Второ што е значајно да се каже е дека сепак, Зоран Заев македонската јавност добро го познава и сите ние знаеме дека претпладне знае да каже едно, попладне друго. На едно место да вети едно, на друго место друго. Треба да останеме со отворени очи и доколку измрда, тргне кон друг пат, различен од оној за кој вчера даде гаранции и ветувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко во склад на демократските можности и ќе се спротистави, а верувам дека тоа и сите други ќе го направат тоа. Така што, заклучокот е дека е одлично што дојде во ситуација да мора да го потпише ова и да го прочита пред сите граѓани, а исто така важно е да продлжиме да ја следиме ситуација за да не дојде до застранување повторно од овој правец, изјави Груевски.

Груевски кажа дека се што се случувало во изминатиов период, немало да се случи, доколку Заев преку разни комбинаторики и ветувања за остварување на Тиранската платформа. Многу непријатности ќе беа избегнати доколку Заев ја прифатеше понудата на победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ. Тој напомена и дека партијата има план и дека имаат подготвени чекори за понатака.

#



Останати вести
Проект со најголемо значење за македонското здравство
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства
Јунска трка за 35.000 места
Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Od eu, 18.05.2017 18:36:53
Zatvor ne ti bega .narodot ke si GI. Bara ukradenite pari od drzavnata Kasa .Nacionalizam mozis da siris doma a ne kaj narodot.
Нектанебо, 18.05.2017 20:27:17
Коа ќе му удрите едно остро соопштение...а позадината светло плава...абе немам зборови. ВМРО-До непрепознатливост ПМНЕ.
EU, 18.05.2017 20:30:07
Ovoj covek e navistina psihijatriski slucaj. Red e da mu se pomogne. Uste zivee vo film deka ima nesto da kaze, no sto e posmesno deka nekoj voopsto go esapi. Pa i negovite klienti progledaa.
EU, 18.05.2017 20:32:30
Osven majkamu Nada, a mozebi i soprugata, nema veke covek vo drzavava sto si gubi vreme so Gruevski. Ima li covekot prijateli sto toa ke mu go soopstat.
Goce DELCEV(-ski ), 18.05.2017 22:02:31
Go prashajte Vance Mihajlov za komunjarite i srbomanite ?
прашање, 18.05.2017 22:09:33
ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко - ВО СКЛАД НА ДЕМОКРАТСКИТЕ МОЖНОСТИ!!! Кој се тие „демократски можности“ освен ВМРО да гласа против? Многу ЖЕСТОКО ќе реагирала ВМРО.
ak47, 18.05.2017 23:24:16
Gruevski me potsekja na Crniot Vitez vo skechot na Monti Pajton. Se sili vekje dve godini, i na kraj, izdishan balon. Bash me zanima kako toa zhestoko kje reagiralo VMRO na Zaev? Kje go gleda popreko dodeka go pcue i krvari vrz nego?
Lazhni Politichari, 19.05.2017 00:29:30
Gos, Gruevski, so ona shto ti go obvinuvash Zaev, vsushnost TI se opishuvash samiot sebe i tvojata partija,,narodot ne mozhe da mu veruva na zborot na Zaev, a dali znaesh deka narodot veke ne ti veruva ni tebe. Seto ona shto DOZVOLI i DOPUSHTI da i se sluchi na Makedonija, narodot vide jasno i glasno deka ti si KARTONSKI POLITICHAR, i nemash ni edna koska na patriotstvo ni pa hrabrost da gi baranish makdonskite nacinalni interesi.Toa go dokazha ne ednash ami mnogu pati.Ako ti go izlazhesh narodot pak da glasa za tebe,togash narodot zasluzhuva da te ima tebe i propasta shto im DOZVOLI da im bide nanesena. Ti i IVANOV ste POTROSHENI kartonski lazhni patrioti i toa go dokazhavte sami, i vo istorijata na Makedonija vie ke bidete staveni vo Galerijata na predavnici.Ti mozhesh da go lazhesh narodo nekolku pati, nekoj narod poveke pati, ama ne mozhesh da go izlazhesh siot narod sekoe vreme.
MIDAY, 19.05.2017 01:06:48
Samo neka mrdne toa mrdanje ce mu bide posledno!!!
Naumce Srbinoski, 19.05.2017 04:35:03
Тиранската платформа нема потреба да се потпишува пак! Таа е потпишана досега барем десет пати, од поранешниот премиер. Тогаш немаше жестоки одговори, затоа што лугето поверуваа во лагата дека тоа е направено за подобрување на соживотот во Македонија. А дури ппокасно се виде дека е во заштита на криминалот на врхушката на дпмне и лично на заговорникот на сегашниот жесток одговор. Немој ни да си помислил на таков како на 27 Април! Немој да си ги изнел на сцена пак твоите убијци. Иако уште тие ти останаа, твојот народ те напушти и не сметај дека си сеуште силен. Твојата судбина останува во рацете на правдата и, и чесните вмровци, се разбира.
do Gruevski, 19.05.2017 05:09:07
A kako zhestoko?So tapshanje i skandiranje?Ne treba samo da se sprotivstavuvate,tuku mora i da sprechite nosenje antimakedonski zakoni,na ovoj ili na onoj nachin.Imate li hrabrost za takvo neshto?
Алекс, 19.05.2017 08:57:14
Немој бе Грујо, не ме смеј вака. Како ВМРО ќе ресгира жестоко? Ќе запее некое песниче за пролетта? Ја забрљавте работата до даска. Му дозволивте на одродените од СДС да прават балистича влада и сега ќе тресите глупости.
praveden, 19.05.2017 11:50:18
Dokolku Zaev mrdne od vetenoto VMRO DPMNE ke reagira zestoko taka veli Gruevski mojot najomilen i najcenet politichar koj me razochara so nekoj negovi postapki koja beja na shteta na Drzavata primer; prifakanje na Przinskiot zagoren dogovor kade go napushti Premierskoto masto za da mu gi ispolni umnobolnite zaelbi na Zaev i na megunarodnite meshatari koj ja Terorizirat Makedonija celi 25 godini. Gruevski veli ke reagirame zestoko, kako ke reagirate samo so zborovi, ke ja peete himnata vo znak na protes dodeka ja rasturat Drzavata kako shto napravivte dodeka Talat Gaferi nasilno go izglasaa za Pretsedatel na Sobranieto ,Drzava ne se brani so peenje himna zatoa shto nee nitu stvorena peejki ja himnata stvorena e so stotici ilijadi zrtvi i treba da se odbrani na isti nachin ako nekoj misli poinaku ne mu misli dobro na Drzavata .
Најнови вести