период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:13

избегнете ги грешките при диета

80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето

Сакате да ослабете, но не успевате. Гладувате, се одрекувате од омилените слатки, вежбате, а резултатите изостануваат. Можеби с` што правите ги нема очекуваните ефекти, бидејќи ги правите основните грешки во чекори. Ова се некои од нив.

Претерувате со здрава храна

Белиот леб сте го замениле со 'ржан, сончогледовото масло со маслиново или со кокосово, месото со соја, грицкате јатки... Сето тоа е во ред, само ако имате мерка и ги ограничувате порциите, наместо да се опуштите само затоа што намирниците се здрави.

Не спиете доволно

Ако спиете помалку од седум часа, го забавувате метаболизмот, ги бунтувате хормоните и така ја намалувате шансата за губење на килограмите.

Премногу вежбате

Експертите велат дека 80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето. А многумина што вежбаат секој ден се опуштаат со оброците, бидејќи мислат дека можат да ги "симнат" во сала.

Вечерате прерано

Голем дел од нутриционистите велат дека треба да се вечера до 18 часот, но ако легнувате после полноќ, дотогаш сигурно ќе бидете гладни, што, всушност, го забавува метаболизмот. Суштината е дека 70 отсто од сите калории што ги внесувате во телото се од оброците пред вечерата, а само 30 отсто навечер. Па затоа веќе не е ни важно дали јадете во 19 или во 23 часот.

#



Останати вести
И премногу овошје дебелее
Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса
Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови
Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта
Правот од коноп спречува болести на срцето
Белиот слез е нужен за пушачите
Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести