период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 11.01.2017, 13:36

ДесниЧарите остро против мигрантите

Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија

Kонтроверзниот постер објавен од швајцарските десничари во рамките на кампањата против референдумот за олеснета натурализација на третата генерација имигранти предизвика критики и беше оценет како срамен и нефер. Постерот беше ставен на железничките станици во Швајцарија, а на него е прикажана жена со бурка и е испишано: „Неконтролирана натурализација? ’Не’ за олеснета натурализација“. Постерот е одобрен од комитет чиј копретседател е пратеникот од швајцарската Народна партија (СВП), Андреас Гларнер, а е поставен во знак на спротивставување на законот за натурализација за кој ќе се гласа на 12 февруари. Kомитетот смета дека законот ќе доведе до масовна натурализација, што ќе има штетни последици за швајцарската култура и идентитет.

- Пренаселеноста со странци и масовното зголемување на бројот на муслимани ќе ја промени сржта на Швајцарија, како и нашето општество и неговите вредности - стои во соопштението.

Гларнер, кој и претходно водеше кампањи против носењето бурка, сега вели дека бурката е симбол на неинтегираноста.

- Ако им се дозволи на луѓето да се натурализираат полесно, тоа би било закана за идентитетот на земјата - рече тој.

Поддржувачите на законот ги оценија постерите како гадна кампања, а пратеничката од Христијанско-демократската партија, Росмари Kвадранти, истакна дека бурката нема никаква врска со олеснетата натурализација.

Постерот е направен од истата агенција што дизајнира друг контроверзен постер за СВП, кој лани беше искористен за кампањата за депортирање странски криминалци, а на кој можеше да се види бела овца како клоца црна овца надвор од швајцарското знаме. Многумина оценија дека сликата е расистичка. СВП користеше провокативни постери и во успешната кампања за забрана на минарињата во 2009 година.

Според последните анкети, Швајцарците се поделени за идејата на третата генерација мигранти да имаат олеснет пристапот до швајцарски пасош, па 50 отсто се „за“, 48 отсто се „против“, а два отсто се неодлучни. Поддржан од владата, законот предлага на мигрантите од третата генерација, кои се родени и учеле во Швајцарија, под одредени услови да им биде дозволено да поминат олеснета натурализација, олеснета верзија на редовниот процес за добивање државјанство. Едниот родител на барателот на државјанство треба да има учено во Швајцарија, баба му или дедо му треба да се родени таму или да имаат добиено дозвола за постојан престој. Лицата што аплицираат мора да се помлади од 25 години. Во Швајцарија државјанството не им се дава автоматски на луѓето што се родени таму.

#



Останати вести
Замбези ајкула нападна нуркач
Украдени 100.000 денари од казино во Битола
Ѓорческа против Викери во првото квалификациско коло на АО
„Рушевини“ е моја лична приказна
Има 98 години и е најстарата инструкторка за јога
Австралиски Македонец најден починат во охридско село
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
ЗАТВОРЕН ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА: Седумдесет камиони неколку часа се заглавени на границата
Заврши обновата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза
Кремљ: Немаме компромитирачки информации за Трамп
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата
ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп
Во Сиднеј температурата е 40 степени Целзиусови, плажите се полни
Никола Попоски во име на владата: Средбите во Тирана и Приштина се мешање во внатрешните работи
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Најлудиот 3Д-музеј во светот е на Филипините
На Василичарскиот концерт две песни никогаш не биле изведени
Груевски со поддршка од коалициските партнери
„Ноќ со ѕвездите“ и за Стара нова година
Изборниот законик, Законот за градење и Законот за спорт со пет измени во 2016
Македонската репрезентација пристигна во Франција
Вардар ги започна подготовките без деветмина репрезентативци кои ќе настапат на СП
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Потпишан договор за модернизација: Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Домашните миленици се добредојдени на Детската клиника

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести