период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 21.04.2017, 11:11

ЗЕМЈАТА ВО 2100 ГОДИНА НЕМА ДА БИДЕ МЕСТО НА KОЕ САKАТЕ ДА БИДЕТЕ

Пренаселеноста и нискиот наталитет ќе бидат најголемите проблеми на 22 век

Стареењето на населението, намалувањето на стапката на наталитетот и пренаселеноста ќе бидат едни од најголемите проблеми со кои ќе се соочи нашата планета до 2100 година.

Според процените на Обединетите нации (ОН), светската популација до крајот на векот ќе ја достигне бројката од 11,2 милијарди луѓе.

Може да се забележи дека Африка ќе има најголем придонес во порастот на населението од средината, па с` до крајот на 21 век. Во процените на ОН се забележува дека црниот континент ќе го преземе врз себе зголемувањето на бројот на луѓето, додека развиените земји ќе го забават својот раст на населението, а многу држави ќе доживеат голем пад на бројот на населението.

Меѓу изразените промени ќе се истакне и значителното намалување на наталитетот, како и стареењето на населението во светот, пишува „Индипендент“.

Kолку луѓе може да собере Земјата?

Бројот на луѓето на планетата ќе се зголеми, но Земјата сигурно дека нема да се зголеми. Доколку не пронајдеме живот надвор од планетата, ќе мора повеќе да се „стиснеме“ .

На Земјата веќе живеат премногу луѓе, тврди Нина Федороф, една од највлијателните научни советнички во американската влада. Таа за „Би-би-си“ програмата One Planet изјавила дека луѓето ја надминале земјината „граница на одржливост“.

Светот може да ги задоволи потребите на сите, но не и алчноста на секого, рекол Махатма Ганди.

- Луѓето ќе мора да се справат на различни начини за тоа како да ја користат водата и да одгледуваат жито. По прашањето за производство на храна не сакаме да се вратиме во 19 век - изјавила доктор Федороф.

Порастот на населението е особено карактеристичен за индустриски најмалку развиените земји во светот, па неговото влијание на ресурсите на Земјата не може да биде големо, бидејќи општо земено - тие земји трошат помалку од остатокот од светот (африканските земји).

Kако што се менува светот и неразвиените делови добиваат индустрија која се шири, а со нивните промени се менуваат и навиките на луѓето. Ако нивото на потрошувачка карактеристично за богатите земји на денешницата се пренесе на остатокот од светот, тешко е да се очекува дека воопшто ќе имаме какви било ресурси.

#



Останати вести
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести