период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 20:58

АХМЕТИ ЗА ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ ОТКАКО ГРУЕВСКИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ

Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори

 

Доколку ниту една партија не ја прифати платфoрмата на Албанците, не е исклучена опцијата да има и нови избори. Ова го најави лидерот на ДУИ во интервјуто за ТВ 21, еден ден откако претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Зошто да не. Сигурно дека неприфаќањето на платформата од кој и да било политички субјект ја носи земјата кон нови избори“, изјави Ахмети.

Од ДУИ и денеска соопштија дека преговорите за формирање нова владина коалиција се' уште не се почнати, но очекуваат Груевски како мандатар да ги покани на разговори. Ахмети, најави дека ќе преговараат со партијата што освоила повеќе пратенички мандати, односно со ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги демантираше информациите дека паралелно воделе преговори и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ.

„Сите тие гласини ги отфрлам. Навистина се неосновани затоа што немавме ниту една официјална средба“, вели Ахмети.

Во ДУИ се прилично претпазливи и одбиваат да дадат какви било процени за исходот од преговорите. Прво велат дека е рано, преговорите уште не се почнати и дека се' уште се прават внатрепартиски анализи.

Но, нагласуваат дека заедничката платформа на Албанците ќе биде на преговарачка маса. Доколку се усогласат околу платформата, но и за предизборната програма на ДУИ, тогаш нема да има пречки повторно да формираат владина коалиција. Но, доколку нема успех во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ најавуваат дека ќе бидат отворени за преговори и со СДСМ, доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да обезбеди мнозинство од 61 пратенички глас.

#



Останати вести
Замбези ајкула нападна нуркач
Украдени 100.000 денари од казино во Битола
Ѓорческа против Викери во првото квалификациско коло на АО
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
„Рушевини“ е моја лична приказна
Има 98 години и е најстарата инструкторка за јога
Австралиски Македонец најден починат во охридско село
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
ЗАТВОРЕН ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА: Седумдесет камиони неколку часа се заглавени на границата
Заврши обновата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза
Кремљ: Немаме компромитирачки информации за Трамп
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата
ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп
Во Сиднеј температурата е 40 степени Целзиусови, плажите се полни
Никола Попоски во име на владата: Средбите во Тирана и Приштина се мешање во внатрешните работи
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Најлудиот 3Д-музеј во светот е на Филипините
На Василичарскиот концерт две песни никогаш не биле изведени
Груевски со поддршка од коалициските партнери
„Ноќ со ѕвездите“ и за Стара нова година
Изборниот законик, Законот за градење и Законот за спорт со пет измени во 2016
Македонската репрезентација пристигна во Франција
Вардар ги започна подготовките без деветмина репрезентативци кои ќе настапат на СП
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Потпишан договор за модернизација: Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Домашните миленици се добредојдени на Детската клиника

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
jas, 11.01.2017 07:28:19
A namesto nova vlada,novi izbori da se napravi NOV POPIS,ama korekten bez stranski gosti
Најнови вести