период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 15:49

Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати

Да бев јас командант, на 9 мај 2015 година немаше да има 18, туку 200 убиени. Јас не сум толку наивен, рече денеска во Судот Сами Укшими, познат како командант Соколи, кој е првообвинет во случајот познат како „Дива населба“. Тој рече дека мисија на кумановската група била реализација на Охридскиот рамковен договор. Сами Укшими рече дека не е терорист, туку патриот и дека дошол во Македонија за да ги брани правата на Албанците.

Сами Укшими денеска во големата сала во Врховниот суд беше сослушан како сведок предложен од страна на одбраната. Одговарајќи на прашања, рече дека организатори на групата што влегла во Дива населба биле Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, кои беа убиени во пукањето.

На прашање од одбраната дали можеше да биде полошо од тоа што се случи, Сами Укшими одговори потврдно. Ако знаете дека во една населба има 32 луѓе, рече тој, а напаѓате со 900, тогаш мора да знаете дека може да биде полошо.

- Да бев командант и да ме нападнеа 900 луѓе, не 18, туку 200 ќе беа убиени - рече тој пред Судот.

Објасни дека илегално со други луѓе влегол во Македонија ноќта меѓу 1 и 2 мај 2015 година од Косово, преку граничен премин кој не е признат од македонската страна, и дека се сместиле во празни куќи во Белановце. Ги пречекале други луѓе кои ги вооружиле и им дале униформи со амблеми на УЧК.

Од Белановце, пеш отишле во Липково и преспале во планина. Утредента, на 3 мај, со комбе биле однесени во Дива населба.

Тој призна дека и во 2001 година бил во Македонија и дека бил дел од организирањето на војната кога му бил даден и прекарот Командант Соколи.

Сами Укшими рече дека на 7 и 8 мај ги предупредил Мирсад Ндрецај и Бег Ризај дека треба да ја напуштат Дива населба зашто веќе станувало ризично и им рекол дека по секоја цена мора да си одат. Забележал дека три дена пред 9 мај над населбата летал дрон. Според него, Мирсад Ндрецај и Бег Ризај биле многу наивни. Тие му рекле дека ќе останат во Дива населба до 19 мај и дека ќе свикаат прес-конференција на која јавно ќе кажат дека ако не се реализира Охридскиот рамковен договор, ќе се бранат од местото каде што на 23 септември 2001 година ја оставиле војската, односно ќе се вратат во времето пред демобилизацијата.

Нападот на македонските безбедносни сили што почна утрото во 5 часот на 9 мај во 2015 година го оцени како масивен. Вели дека македонските безбедносни сили нападнале со голем арсенал на оружје и дека е можно во пукањето и конфузијата полицајци да настрадале од полицајци. Според него, целиот настан бил политички монтиран и Ндрецај и Ризај имале политичка поддршка од Македонија.

Командант Соколи беше во групата што ѝ се предаде на полицијата. Тој рече дека пред да се предадат, еден од неговата група комуницирал телефонски со ОБСЕ за да добијат гаранции дека нема да бидат малтретирани и тепани.

Групата се предала околу 19 часот, а пукањето престанало во 21:30 часот.

Командант Соколи вели дека по приведување биле тепани и малтретирани и вели дека ако знаел дека така ќе се однесуваат кон нив, немало да се предаде.

Тој рече дека му е жал за сите што загинале, но дека тоа не е по негова вина. Тој вели дека не е терорист, туку патриот кој дошол во Македонија да се избори за правата на Албанците и за целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор.

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести